Зошто Ви е потребен стратешки маркетинг?
Објавено во: Мои пари 18 Јануари, 2014 08:45
„На посетителите на програмата овозможено им е да учат од наставен материјал со високи стандарди, а дополнително им се дава можност да научат како брзо, соодветно и прецизно да се справуваат во дадени ситуации. Знаењето што веќе го поседуваат заедно со експертизата на академците, овозможуваат искуство коешто со сигурност го трасира патот во иднината - преку разбирање на конкурентноста, вредноста на одржливоста, разновидноста и идентификацијата на можности, се во функција на етичноста и социјално одговорни чекори“, вели Д-р Димитрис Николаидис, директор на оделот за Бизнис администрација и економија, професор на СИТИ Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд.
Програмата е дизајнирана така што нуди дискусии на реални случаи, симулации, интерактивна партиципација на учесниците преку разни активности, индивидуално и во групи, кои им овозможуваат на учесниците да бидат самокритични и да ги запознаат своите слаби страни во процесот на преговарање, и да го поттикнат создавањето и подобрувањето на своите вештини.
„Во рамките на постојната литература и пракса, темите како публицитет, односи со јавност, интернационализација на маркетинг активности, адвертајзинг, социјални медиуми, продажна промоција како и комерцијализација на добра и услуги, секогаш се презентирани, пренесени и интерактивно дискутирани од стратешки аспект, што дава дополнителна вредност при секојдневното справување во маркетиншките ситуации“, вели Крис Лиасидис, академски директор на Постдипломските студии по Бизнис администрација и економија и професор на СИТИ Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд.
Друга предност на оваа програма е тоа што е апликативна на многу професионални профили од областа на маркетингот, односно соодветна е за луѓе со доволно и значително искуство како професионалци и практичари во полето на маркетингот. Комерцијални директори и менаџери, менаџери во адвертајзинг агенции, медиа планери, менаџери и асистенти, маркетинг менаџери, менаџери за продажба, соработници за односи со јавност, регионални бренд менаџери, како и претприемачи, сите тие одговараат на аспирациите на програмата.
Следното викенд предавање во програмата Стратешки маркетинг на Академијата за Менаџери ќе се одржи од 24-26 јануари, со д-р Лесли Т. Самози како професор. За повеќе информации можете да ја посетите нивната веб-страница managersacademy.mk
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




