05 Декември, 2025
0.0832

Зошто Ви е потребно осигурување на живот?

Објавено во: Мои пари 04 Март, 2013 13:01

Добивај вести на Viber

Осигурувањето на живот е долгорочно решение, кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите.  Она што е особено интересно кај осигурувањето на живот е тоа што сами одлучувате колку сакате да штедите, односно сами ја креирате осигурената сума. Не постои некоја универзална формула која би ги задоволила потребите и желбите на секој клиент. Кроација Осигурување - Живот нуди програма која е совршено прилагодлива и секоја полиса претставува единствено решение. Комбинацијата на осигурување на Живот со дополнително осигурување од тешки болни состојби и осигурување од незгоди, т.н. КРОАЦИА ПРЕМИУМ програма,  се покажа како најдобра понуда за осигурениците, велат од компанијата. Животното Осигурување е речиси задолжително за членот на семејството со највисоки месечни примања, членот од кого финансиски зависат останатите членови на семејството. Доколку сеуште не сте размислувале за животно осигурување, обидете се да си ги поставите следниве прашања:
- Дали некој финансиски зависи од мене?
-Што ќе се случи ако јас или сопругата не сме тука утре?, Колку приходи ќе изгуби моето семејство?
-Ќе може ли семејството да го задржи домот?
-На кој факултет сакам да ги школувам децата?
-Колку ќе ме чини едногодишно образование на децата?
-Колку имам заштедено досега?
-Колку пари би сaкал да имам кога ќе се пензионирам?
-Што би сакал да правам кога ќе се пензионирам? 
-Ќе постои ли Пензиското осигурување кога ќе дојде време за пензионирање?
  Она што го прави Животното осигурување уште по интересно е неговата штедна компонента. Животното осигурување е еден вид на инвестиција во сигурна економска иднина. Осигурувањето на Живот, има повеќе бенефити и придобивки: На средствата кои континуирано ги вложувате им се препишува добивка;       Создавате капитал за времето кога приходите ќе Ви се намалат, особено по заминувањето во пензија; Можност за одобрување на заем од страна на Кроациа Осигурување – Живот АД; Се заштитувате и себе и своето семејство во случај на болест или незгода; Го заштитувате своето семејство во случај да го изгубат главниот финансиски извор. Основна филозофија  на осигурувањето  е дека за можните непосакувани настани секогаш треба да се размислува  однапред, односно да се размислува превентивно.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност