Зошто во Србија расте бројот на заразени ако се вакцинирани 48 отсто од граѓаните?
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 25 Јули, 2021
Во Србија против коронавирусот се вакцинирани 48 отсто од граѓаните. Заразените се претежно луѓе кои се вратиле од одмор. Ова го тврди министерот за здравство, Златибор Лончар.
Тој денеска изјави дека во Србија се имунизирани 48,49 отсто од граѓаните, што не е доволно и дека сите позитивни на коронавирус се вратените од летните одмори кои се претежно невакцинирани, јави дописникот на МИА од Белград.
Лончар за ТВ Пинк предупреди дека од овој проблем нема да се излезе ако е бавна вакцинацијата, ако се дозволи вирусот да мутира и вакцините да не бидат доволно средство за негово сузбивање. Вели дека не е доволно само во една земја да се вакцинираат доволен број луѓе, бидејќи „вирусот не познава граници“.
Во последните неколку дена, во Србија бројот на новоинфицирани со коронавирус расте. Во Србија вчера коронавирусот е потврден кај уште 249 лица, од 8.596 тестирани, а петмина пациенти починаа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.