ЖРТВИ НА КОРОНАВИРУС: Во Македонија мажите побројни
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Мај, 2020
Во Македонија поголем е бројот на починати мажи од коронавирусот, за разлика од жените.
Ако ги погледнеме бројот на починатите 77 лица, 51 смртен случај има кај лица од машки и 26 кај лица од женски пол.
Од починатите најголем дел или 49 лица биле на возраст над 60 години. Кај 57 од жртвите се регистрирани коморбидитети.
Од вкупно 1.465 потврдени случаи на Ковид 19 во земјава, 695 се машки, а 770 женски лица.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години, односно просекот е 44,8 години.
Деновиве жена на возраст од 85 години се излечи од опасниот вирус.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.