26 Декември, 2024
0.0305

ЖУРКА ВО МОШ И СИНОЌА: 50-ттина полицајци не ја прекинале забавата и вториот настап на Владо Георгиев, ситуацијата излегува од контрола

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

И покрај кривичната пријава за пречекорување на работното време за екслузивниот лаунч бар Мош во центарот на Скопје, тоа синоќа повторно работеше непречено. Интервенирал Пазарниот инспекторат во придружба на околу 50 полицајци, но забавата не била прекината.

Како што пишува 360, полицајците синоќа влегле во „Мош“ и им посочиле на вработените да ги оддалечат масите и да отстранат дел од инвентарот, односно да постапат согласно со протоколите и да обезбедат дистанца. Но кога инспектрите заминале од локалот, сопствениците повторно ги вратиле масите.

Потоа дел од медиумите јавија дека локалот работи и вечерва со многу гости и гласна музика, како и дека повторно настапува Владо Георгиев. Поради тоа, сега е поднесена и кривична пријава за загрозување на јавното здравје, а сопственикот е казнет со 4.000 евра.

Директорот на инспкторатот, Стојко Пауновски, за Фактор вели дека има десетици екслузивни локали, меѓу кои и познатиот лаунч бар Интермецо во Капиштец, кои постојано ги прекршуваат протоколите, а со тоа им нанесуваат штета и на останатите локали, бидејќи властите сериозно размислуваат за повторно воведување на рестриктивните мерки кои директно ќе се однесуваат на работата на угостителските објекти, кафулиеа, ресторани, барови...

Пауновски во претходни разговори за Фактор потенцира дека мора да се направат законски измени со цел инспекторите да може на лице место да стават клуч на врата на локалите кои не се придржуваат до протоколите за работа во време на епидемија.

-Бројот на новозаразени секојдневно расте, епидемиолошката состојба е се полоша, но свеста кај граѓаните е на најниски гранки. За жал не помагаат казните, вели Пауновски. 

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници