Звучи незвоможно, но од сеф во банка во Битола одземени 40.000 денари
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2016
Едно е да се ограби банка на насилен начин, но сосема друго е да се ограби приватен сеф на чување во филијала на Комерцијална банка во Битола. Граѓанин кој привремено работи во Канада пријавил дека од неговиот сеф се одземени 40.000 денари и кражбата ја пријавил кај директорот на банката.
Пријавителот откако по пропишаната процедура, му било дозволено да има пристап до сефот, забележал дека ги нема ковертите и за тоа го информирал директорот на банката.
Сторителот на непознат начин и без оштетување го отворил сефот и одзел два бели коверти во кои имало по 20.000 канадски долари, односно вкупно 40.000 долари, сите во апоени од по 100 долари.
Во консултација со Јавен обвинител увид бил извршен на 24.10.2016 година од страна на ОКТУПА од полициска станица Битола и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.