01 Декември, 2024
0.0273

Анализа: Зошто „Комерцијална банка“ е најпотентната акција?

Објавено во: Економија, Анализа 20 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Ограничената понуда на премиум акции на нашиот пазар и големата и интензивна (но не и агресивна) побарувачка ја наметна акцијата на „Комерцијална банка“ во лидер на пазарот од почетокот на годинава досега. Дополнително катализатор за раст на нејзината пазарна цена е очекуваната дивиденда која е најконкурентна во споредба со другите премиум акции, а неспоредливо подобра во однос на приносите од чување пари во банка

Берзата многу добро се справи со, традиционално, најтешкиот месец во годината – јануари. Периодот што го красеа атрибутите кои асоцираат на описите за вируси и настинки : хронична малаксаност и неактивност не важат за овој јануари. Барем не за случувањата на Македонската берза за хартии од вредност.

Бројките покажуваат дека во првите десет трговски дена оваа година истргуваните хартии од вредност т.е. акции на нашата берза (сите пазарни сегменти) направиле промет поголем од 4,5 милиони евра. Убедливо најголемо учество во берзанскиот промет има акцијата на „Комерцијална банка“. Таа во вкупниот промет учествува со 55 отсто (повеќе од половина).

Зошто акцијата на „Комерцијална банка“ е хит на сезоната?

 Цената на акцијата на „Комерцијална банка“ по период од еден месец (19 декември 2021 до 19 јануари 2022) порасна за речиси 16 отсто. На почетокот на анализираниот период беше 10.800 денари, а последната цена пред објавата на оваа анализа беше 12.650 денари. Акцијата има убедливо најголемо учество во структурата на прометот. И токму тој факт ги исклучува сите потенцијални опции дека се работи за трејдерски опус во кој некој „крева“ цена за да „истури“ колични. Всушност може и да имало такви случувања, но тие излегоа катализатори на растот на цената. Затоа што периодот покажа дека побарувачката е многу посилна и многу присутна, но не и агресивна. Просто, периодов сите количества понудени акции на „Комерцијална банка“ пазарот ги апсорбираше без изразити ценовни шокови, напротив имаше раст на просечните цени.

Причините за овој тренд се повеќе и дел од нив се среднорочни, а дел се краткорочни очекувања на инвеститорите. „Фактор“ ќе направи обид да ги отслика клучните катализатори:

Прво, подолго време битката меѓу каматите на депозитите и дивидендите на акциите ја добиваат овие вториве. Тоа е среднорочен процес кој веќе го антиципираа, а и праксираа бројни инвеститори. Да, меѓу нив има бројни „зихераши“, а тоа се физички лица кои не решиле да ги селат парите на светските берзи или пак решиле дел од вложувањата да чуваат и плодат на нашиот пазар на капитал.

Второ, повеќе од очигледно е дека веќе има побројни долгорочни инвеститори кои се задоволни од тоа како редовно и навремено добиваат дивиденда од таа акција. А се задоволни и од растот на нејзината пазарна позиција и нивото на капитална добивка што ја остваруваат од цената на таа акција. Тие инвеститори се многу важни за среднорочна ценовна стабилност на секоја квалитетна акција затоа што нив не може да ги зафати синдромот „стампедо“ т.е. панична продажба на квалитетен материјал за тргување. Е на база на ова трејдерите полесно влегуваат во игра затоа што знаат дека имаат “тврдо тло“ под кое тешко ќе оди цената. А тоа дава сигурност за нови дополнителни вложувања...

Трето, клучна краткорочна „афричка слива“ за акцијата на „Комерцијална банка“ беше моментот на објава на календарот на настани. Таму има информација за претстојното акционерско собрание. Веста е следна: голема е веројатноста за исплата на дивиденда до почеток на мај! Зошто? Затоа што материјалите за собрание ќе бидат објавени најдоцна до 3 март. Значи уште 30 дена до одржување на годишно Собрание и уште толку (вообичаено н.з.) до исплата на дивиденда. Оваа вест антиципира дека за стотина дена од сега оваа банка ќе исплати дивиденда. Математиката за вложувања на краток рок дава голем „лајк“ затоа што и на ова ценовно ниво таа акција носи нето принос поголем од 5 отсто за стотина дена. Колкав е приносот на орочен денарски депозит на три месеци? Неспоредливо понеатрактивен. Затоа не е за очекување дека акцијата на „Комерцијална банка“ го достигнала врвот и дека ќе паѓа. Особено заради тоа што е голема и уште јакне побарувачката за премиум акции на нашиот пазар. А премиум акции на нашата берза се бројат на една рака. Токму малата понуда на квалитетни акции очекувано е да ја држи оваа цена вака. И особено затоа што приносот на конкурентните акции е послаб (сооднос на очекувана дивиденда и актуелна пазарна цена)...

Што се „шушка“?

Во инвеститорската заедница има две поизразени шпекулации врзани со акцијата на „Комерцијална банка“. Првата е за висината на дивидендата, а втората е „евергрин“ приказната за нејзина продажба која се активира по потреба... За првата шпекулација се врзува името на газдата на најголемиот поединечен акционер „Адора Инженеринг“. Шпекулацијата плете приказна во која нето дивидендата за 2021 година ќе биде „десет плус во евра“ (во превод над шестотини денари нето). Реално има простор, но за тоа да биде формално ставено на гласање ќе треба да се праша и Централната банка која ја гледа и одобрува „финансиската статика“ на најголемата домашна банка. Ако биде одобрена стабилноста на банката низ: адекватноста на капиталот, нивото на резервациите и другите параметри за кои се грижи централната банка тогаш Чифлиганец и другите акционери ќе препорачаат износ на дивиденда. А тој износ ќе го знаеме сите најдоцна до 3 март. А тоа е за четириесетина дена од сега.

Втората шпекулација е секогаш присутна, но многу потешко опиплива. Тука има едно логично прашање на кое треба да даде одговор секој што вложува или сака да вложи во таа акција. Тоа е: зошто големите акционери би продале бизнис со таков голем потенцијал како што тоа го има „Комерцијална банка“? Нејзината позиција на домашниот пазар на кредити е многу силна, а дополнително е одлично позиционирана како акционер во „КБ Прво пензиско друштво“ кое управува со стотици милиони евра пари на идните пензионери , а сопственик е и во инвестициското друштво „КБ Публикум“ кое управува со активите на шест инвестициски фондови.

Малку тазе статистика

- максималната пазарна цена на таа акција (во период од 52 недели) е 12.650 денари (постигната на 18 јануари 2022 година)

-во период од еден месец пазарната цена на таа акција пораснала за 16%

-просечниот дневен промет од почеток на годинава до сега е 244.000 евра

-вкупниот промет со таа акција од почеток на годинава до сега е 177 милиони денари од што промет во класично тргување е 150 милиони денари (2,5 мил.евра)

- Комерцијална банка има нето добивка од 22 милиони евра за првите девет месеци 2021 година и очекувана добивка од 29 милиони евра за цела 2021 година

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПАНИКА ВО РУСИЈА? Путин ги смирува граѓаните

ПАНИКА ВО РУСИЈА? Путин ги смирува граѓаните

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ФАМОЗНОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Конечно се отвара

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ФАМОЗНОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Конечно се отвара

„МАШИНИ КОИ СЕ БОРАТ СО ТОВАРОТ НА ВРЕМЕТО, ЈАГЛЕН КОЈ Е ДАЛЕКУ ОД КВАЛИТЕТ“: Божиновска констатираше лоша состојба во РЕК Осломеј

„МАШИНИ КОИ СЕ БОРАТ СО ТОВАРОТ НА ВРЕМЕТО, ЈАГЛЕН КОЈ Е ДАЛЕКУ ОД КВАЛИТЕТ“: Божиновска констатираше лоша состојба во РЕК Осломеј

ПОВЕЌЕ ОД 360 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ И ФАЛАТ НА ГЕРМАНИЈА: Како најголемата европска економија падна на ова дереџе?

ПОВЕЌЕ ОД 360 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ И ФАЛАТ НА ГЕРМАНИЈА: Како најголемата европска економија падна на ова дереџе?

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА ПЛАТАТА Е СОЛЕНА: Бројот на работници кои се потребни за овие позиции е двојно зголемен и не е потребна диплома

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА ПЛАТАТА Е СОЛЕНА: Бројот на работници кои се потребни за овие позиции е двојно зголемен и не е потребна диплома

ИМААТ ДОЛГ КАКО ГРЦИЈА: Која европска земја се изедначи со јужниот сосед?

ИМААТ ДОЛГ КАКО ГРЦИЈА: Која европска земја се изедначи со јужниот сосед?

Средба на министерката Божиновска, со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз

Средба на министерката Божиновска, со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз

ДРАМА НА НЕБОТО НАД БЕЛГРАД - авион кој леташе за Подгорица се судри со јато птици, ова е исходот

ДРАМА НА НЕБОТО НАД БЕЛГРАД - авион кој леташе за Подгорица се судри со јато птици, ова е исходот

Членовите на задолжителниот пензиски фонд на „Сава“ за еден ден станаа побогати за 3,5 милиони евра! Кој е нивниот добротвор?

Членовите на задолжителниот пензиски фонд на „Сава“ за еден ден станаа побогати за 3,5 милиони евра! Кој е нивниот добротвор?