29 Март, 2024
0.0284

БОРБА СО „БЕЛАТА ЧУМА“: Македонци од рурални средини се венчаваат со невести од Албанија

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Сѐ помалку венчавки, и пад на бројот на родени деца. Ова е сликата на Македонија која веќе со години ја коси „белата чума“.

Сето ова е поткрепено со статистички податоци. Според бројките на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период лани е намален за 7.4 отсто и изнесува 5 374 живородени деца. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 0.2 отсто во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 4.302 бракови.

Мажите кои живеат во руралните средини со помош на посредници наоѓаат животни сопатнички од соседна Албанија.

„Во многу места придонесовме да се исполнат училниците со деца, да се чуе детскиот џагор, да оживеат места кои беа скоро пред опустушување“, вели Драган Романски од Здружението „АМАНЕТ“  од Битола.

Тие посредуваа за македонско – албански бракови, а Романски додава дека голем број од тие семејства се многудетни, и првите деца веќе се во млади луѓе, интегрирани целосно во општеството.  Изминативе години јавноста слушна за многу приказни од битолско, прилепско, каде невестите кои се дојдени од соседна Албанија, раскажуваат дека се среќни и прифатени во нашата средина.

„Здружението „АМАНЕТ“  е насочено кон негување на традиционални и семејни вредности и се труди со својата работа да придонесе кон намалување на катастрофалните резултати од т.н. „бела чума“ која последните децении го зафати нашиот народ. Во тој правец здружението поттикнува и помага остварување на бракови и апелира за поголем наталитет, како одговор на сериозната демографска криза во државата.  Здружението постои од 2012 година, делува на ниво на цела Македонија и се стреми да се остварат повеќе среќни семејства, повеќе радосни и среќни луѓе, реализирани, со осмислени и исполнети животи.  Несебично се вклучени сите наши членови и соработници, и покрај нивните професионални и приватни обврски, секогаш наоѓаат време да го дадат својот придонес за потребите на здружението. Во претходниот период се остварија многу патувања, средби, контакти, и секако цел тој труд се исплати со резултатите кои ги постигнуваме“, вели Романски.

Додава дека во многу наши села веќе се многу ретки, па скоро и да ги нема свадбените веселби и не се слуша плачот на новороденчињата.

Романски вели дека постои миграцијата село - град, па девојчињата не сакаат да живеат на село и доколку имаат можност се мажат во град.

„Според најновите статистики повеќе од 70 отсто млади во селата во Македонија на возраст од 27 до 35 години и постари, се неженети. Помалку склучени бракови, повеќе разводи. Земјата старее, населението не може да достигне ниту проста репродукција. На удар се Пелагонискиот, Источниот и Вардарскиот регион. Последните години и иселувањето, претежно на младата популација, е со зголемен интензитет што дополнително го комплицира целиот проблем“, рече Романски.

Здружението помага познанствата да се крунисаат со брак, но и административните пречки да се надминат доколку ги има.

„Со помош на пријатели и соработници помагаме при надминување на административни проблеми со кои често се среќаваме, сепак се работи за дел странски државјани, потоа им помагаме при превоз до дестинациите на  средбите, а во соработка со МПЦ кандидатите често добиваја бесплатна венчавка или крштевка. Често организиравме средби на семејствата од мешани средини, каде што имаше дружење, запознавање и иницијативи за нови познанства. Не е можно да се каже проста бројка, затоа што тоа не е така едноставно како што се замислува дека функционира целиот процес, се работи со жива материја и мора многу да се внимава да не дојде до некој проблем. Имало и непријатни искуства, но за среќа успешните приказни опфаќаат далеку поголем процент. Треба многу да се внимава да не добие целата приказна вулгарен призвук“, рече Романски.

Статистички, Македонците најчесто случуваат бракови со припадници на српската заедница, по што следат припадници на албанската заедница. Доминира бројот на жени од албанска националност кои се мажат за Македонци.

Инаку, во третото тримесечје од 2019 година се регистрирани 385 разведени бракови, што претставува зголемување од 12.2  отсто во споредба со истиот период од 2018 година.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата