„НА РАБОТНИКОТ НИКОЈ НА МУ ПЛАЌА ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Мециновиќ вели Собранието со претвара во Зоолошка кога ќе се спомене темата
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2025
- Знаеш ли како изгледа парламентот кога ќе излезеш на говорница? Зоолошка градина! ВМРО седат пред нас со довикување, дерење, гестикулации, гримаси. И знаеш за што има најмногу гримаси и дерење? За патни трошоци - истакна пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во интервјуто за „Лазаров подкаст“.
Во однос на темата за патните трошоци, кои им се исплаќаат на пратениците, пратеникот од Левица даде и дополнително образложение.
- Тоа најмногу ги боли - темата за патните трошоци. Затоа што тие 14 илјади евра што ги зимаат годишно, во 4 години ќе им станат 60 илјади евра. Секогаш кога им ги спомнуваме патните трошоци има реакција, како детето да сакаш да им го земеш - појасни Мециновиќ.
Левица од самиот почеток се бори против функционерските привилегии.
- Ние не криеме дека сме анти-естаблишмент партија. Нашите пратеници не земаат патни трошоци, иако имаме пратеници од Гевгелија, од Струга, а пратениците на ВМРО од тие места земаат 500, 600, 800 илјади денари за патни трошоци. Нашите пратеници не земаат патни трошоци и фино си плаќаат кирија од своите пари. Логиката е, на таа плата, можеш сам да си ги покриеш трошоците. Зошто, кога на работникот никој не му плаќа патни трошоци, пратениците да добиваат? Имате разлика во плата, пет пати мислам - дообразложи Мециновиќ.
Според него, на функционерите им е удобно во системот кој си го имаат создадено и не сакаат тој систем да им биде нарушен.
Можеби ќе ве интересира
ОБВИНИТЕЛСТВО ГОНИ ОСУМ ЛИЦА ЗА УБИСТВОТО НА МЛАДИОТ БУЊАКУ - криеле пиштоли, пукале во уште едно лице, еве што се случувало ноќта на убиството

„ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НЕ БИЛ ВО СИТУАЦИЈА НА СУДИР НА ИНТЕРЕС“: се огласија од обвинителство по објавата на Милошоски

Жител на Кривогаштани заврши во болница во Прилеп откако излетал од патот

„Коцевски, како јавен обвинител, направи сериозни грешки“: Филков вели оставката е логичен чекор

„КОМПАНИЈАТА ДЕСЕТ ГОДИНИ УСПЕШНО ИЗВЕЗУВА НА ПАЗАРОТ ВО ИРАК“: Пецовски за работењето на Реплек во Бизнис муабети

МЛАДА ВЕЛЕШАНКА ГО НАПАДНАЛА ТАТКО СИ И ДЕТЕ - 13 ГОДИНИ: но, тука не застанала, па доби притвор

„ДАЛИ НЕПРОЦЕСУИРАЊЕТО НА КРИВИЧНИ ДЕЛА Е ЗА ЗАШТИТА НА КАДАР ОД КОАЛИЦИЈАТА?“: Левица бара одговори за случувањата во ПИОМ

„КЕШ ЗА ПРАВДА“: Милошоски за состојбите во судството 'спогодбата со Мемети и Георгиев аргумент плус за разрешување на Коцевски“
„МНОГУПАТИ ГИ ИМАМЕ ФАТЕНО, НО ПОВТОРНО СЕ ОСТАВЕНИ ДА ПУСТОШАТ ПО ПЛАНИНИТЕ“: Михаилов со видео од бркањето крадци на Скопска Црна Гора
