Еко-автобусите што ни ги донираше ЕУ два месеци се во гаража и не се користат
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2025
Шестте еколошки автобуси, донација од ЕУ за Град Скопје,кои пристигнаа во ноември и требаше да бидат пуштени во сообраќаен промет по една недела, и натаму не се користат и не се во употреба од страна на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.
Возилата уште претходно пристигнаа во земјава, но беа во складиштата на Царината.
Лани во ноември пристигнаа во гаражите и дирекцијата на ЈСП Скопје во Автокоманда. Автобусите беа промовирани во присуство на директорот на ЈСП, градоначалничката на Град Скопје, министерот за животна средина, како и делегација на ЕУ во земјава.
Единствено логично објаснување што го пласираат одредени медиуми, во недостиг на официјални информации, е тоа дека нема пари да се плати каско-осигурувањето.
Претходно од „ЈСП“ ” соопштија дека проблем се јавил и со погрешно заведениот број на шасијата на еден од автобусите.
Инаку донираните еко-автобуси се произведени во Турција, а гаранцијата им важи две години.