ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО НЕКОЛКУ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ: Сите ученици се безбедно евакуирани (ОБНОВЕНО)
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2025 08:22
Дојава за бомба утринава пристигнала на и-меил адресата на основото училиште „Григор Прличев“ во скопска Железара.
Учениците и наставниот кадар беа евакуирани, а полицијата била веднаш повикана.
Проверката, според информации од надлежните е веќе завршена, дојавата за бомба која утринава пристигнала за среќа е лажна.
Дојава за бомба имало и во неколку други училишта во Аеродром, Бутел и Центар како и во едно средно училишта. Се чека официјална потврда од надлежните.
Потврда за заканите испратени до училишта во нашата земја пристигна и од МВР.
- Денеска (07.02.2025) на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи. Повеќе информации во текот на денот - нагласуваат од министерството
Фото: Официјална фејсбук страница на училиштето
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




