19 Декември, 2025
0.2805

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2025 22:27

Добивај вести на Viber

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ БУЈАР ДАРДИШТА

Ноќеска во акција на Бирото за јавна безбедност приведени се повеќе лица меѓу кои и Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење матични книги, кадар на ДУИ. 

Информацијата во изјава за медиумите ја потври министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој присуствуваше на промоција на фотоволтаична централа поставена на Центарот за обука на МВР - донација на ОКТА.

Претходно, од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал соопштија дека ноќеска била спроведена акција на повеќе локации во Скопје и Куманово.

ФИЛИПЧЕ МУ ОДГОВОРИ НА ШИЛЕГОВ

Откако вчера Петре Шилегов реагираше за состојбите во СДСМ, и побара оставка од Венко Филипче, денес се огласи лидерот на партијата, Венко Филипче. Тој не го спомена јавно Шилегов, но вели дека ВМРО-ДПМНЕ преку член на СДСМ се обидела да и нанесе штета на партијата.

„Удривме во осино гнездо. Ја откривме најголемата предавничка операција што се подготвувала. Денес можеме да кажеме и дека таа е веќе потпишана. Само уште изборите нè делат од реализацијата на ова сценарио, на овој план. Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор.

ОБВИНЕНИЕ ЗА ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопшти обвинителството.

„Истрагата покажа дека во текот на октомври годинава, двајцата обвинети, со пропуштање на вршење надзор над собирањето, со транспортот и со непрописно управување со отпадот можеле да предизвикаат значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата, опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителниот или животинскиот свет во поголеми размери“, велат од Обвинителството. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На Запад ништо ново. Уште еден самит во Брисел на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан (минус Србија) не донесе ништо ново за европската перспектива на земјава од веќе воспоставениот однос - уставни измени па почеток на преговори. Во таков контекст македонскиот премиер Мицкоски имаше кратко и рамнодушно обраќање на самиот почеток на самитот. 

Некогашната вицегувернерка Маја Кадиевска Војновиќ, иако беше изгласана за иден член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола - денес АЛТА банка, сепак, нема да влезе во управното тело на оваа институција. 

foto printskrin Youtube

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми