Груевски и Јанакиески в петок на суд за нарачаните шамари на Жерновски
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2016 11:41
Првото рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство кое се однесува за нарачаните насилства во општина Центар и за нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски беше одложено и закажано за после изборите.
Обвинетите во овој случај за прв пат ќе седнат на обвинителната клупа пред в.д. претседателката на Судот и судијка Татјана Михајлова.
СЈО против поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот Миле Јанакиески и уште три лица, на 15 септември поднесе обвинителен предлог како нарачатели на насилствата во Општина Центар, но и за уште девет лица како извршители на нарачаните кривични дела во јули 2013 година.
Според обвинението, првообвинетиот Груевски со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината. Во целата операција, која била инсценирана божем против уривањето на проектираната црква Свети Константин и Елена, а која воопшто не ни била ставена на дневен ред на седницата, диригирале од внатре по мобилен телефон советници на општина Центар, кои се меѓу обвинетите.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




