IAB Македонија: Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и ЗНМ не претставува официјален регистар
Објавено во: Македонија 23 Март, 2020 20:18
IAB Македонија(Interactive Advertising Bureau), водечка асоцијација за унапредување на дигиталниот маркетинг во
Македонија) реагира во врска со објавата на МИОА да се доделат дозволи за работа на терен на онлајн
медиуми кои се дел од регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и
Здружението на новинари на Македонија.
„Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија не претставува официјален регистар на онлaјн медиуми и не ги содржи сите онлајн медиуми во РС Македонија. Воедно, сакаме да Ве информираме дека постојат и други регистри и саморегулаторни кодекси, како на пример регистарот и кодексот на ИАБ Македонија чии потписнички се согласни меѓусебно да ги регулираат и заемно да ги почитуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми, а кој може да го погледнете на следниот линк: https://www.iab.mk/etichki-kodeks/. Дополнително, постојат и регистрирани онлајн медиуми кои не се дел од ниту еден регистар, а сепак ги исполнуваат условите за работа како онлајн медиум согласно важечките закони. Затоа, Ве замолуваме да ја преиспитате вашата Одлука и да се овозможи доделување на дозволи за сите онлајн медиуми кои се регистрирани како правни лица во РСМ и имаат импресум“, се наведува во реакцијата.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




