25 Ноември, 2024
0.0255

Има ли подобро платени? Кои тројца банкари поделија еден милион евра?

Објавено во: Економија 31 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Костов, Илоски и Стевкова – Штериева поделија 1,02 милиони евра (бруто) за плати, награди, надоместоци и други фиксни и варијабилни надоместоци во годината во која „Комерцијална банка“ ја има рекордната добивка. Во 25 годишната корпоративна историја ова е најдобро платениот банкарски тим

„Комерцијална банка“ повторно покажа дека е штедар работодавец освен што е дарежлив делител на дивиденда на своите акционери. Тројцата членови на управниот одбор: главниот извршен директор Хари Костов, главниот оперативен директор Илија Илоски и главниот финансиски директор Маја Стевкова – Штериева поделија меѓусебно 1,02 милиони евра (во бруто износ) по основ на плати, награди, надоместоци и осигурување. Лани под водство на ова искусно банкарско трио најголемата домашна банка според актива и единствената доминантно-домашно поседувана банка направи профит што надмина 30 милиони евра што е најдобриот резултат во историјата на оваа деловна банка.

Официјалните податоци достапни во годишниот извештај за работењето на „Комерцијална банка“ за лани покажуваат дека наградата на топ триото лани е повисока за 143.000 евра во споредба со 2019 година кога изнесувала 876.000 евра. За резултатот што го остварија лани Костов, Илоски и Стевкова-Штериева од банката се наградени со 143.000 евра (тоа е 16 отсто повеќе од 2019 година) и вкупно за нивните услуги банката плати над еден милион евра.

Во извештајот пишува дека износот исплатен на тројцата директори се состои од фиксен дел за кој се исплатени 600.000 евра и варијабилен дел во износ од 420.000 евра.

Според официјални достапни податоци до кои има пристап редакцијата на „Фактор“ , а се објавувани во годишните банкарски извештаи, ова најголемиот износ за исплатени средства за плати и награди на врвни менаџери во 25 годишната корпоративна историја на Македонија.

Во годишниот извештај нема податоци за тоа колку поединечно добил секој од тројцата членови на Управниот одбор на банката, но повеќе од сигурно е дека најмногу средства поединечно се исплатени на долгододишниот прв човек на банката Хари Костов.

Костов освен што е долгогодишен прв човек на најголемата македонска деловна банка воедно е и еден од пионерите менаџери во воспоставување на добри корпоративни практики затоа што во контиунитет вложува средства во акции на „Комерцијална банка“.

Вкупно за плати, награди, регрес, отпремнини, менаџерско осигурување, обуки, јубилејни награди и дрги видови поддршка на сите свои вработени лани банката им исплатила над една милијарда денари (16,87 милиони евра).

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“