27 Декември, 2024
0.0377

Кој знае како да зголеми продажба во криза? Продаде пива и сокови за 13 милиони евра!

Објавено во: Економија 11 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Добивка од 848.000 евра, успешно работење без кредити, прилив од 183.000 евра од дивиденди, грижа за вработените преку зголемување на исплатите за нив за 15 отсто од лани. Ова се клучните белези на работењето на најголемата домашно поседувана пиварница за првото полугодие годинава

Најголемата домашно поседувана пиварница успеа да ја зголеми продажбата за еден милион евра во услови на растечка инфлација, растечки цени на енергенсите и бројни предизвици со логистиката и транспортот на своите производи.

Вкупната продажба на Прилепска пиварница надмина 13,1 милиони евра и во неа продолжува да доминира домашната компонента. Во силната конкуренција на пива и сокови на домашниот пазар прилепската компанија успеа да прокнижи приходи до 13,14 милиони евра што е за 8 отсто повеќе од продажбата што ја оствари во овој период лани.

Иако мал по вредност, Прилепска пиварница бележи, значаен раст на извозот во овој период. Продажбата надвор достигна 130.000 евра, а тоа е за 32 отсто.

Залихите на друштвото на крајот на јуни книговодствено вредат 1,86 милиони евра и тоа е за 26 отсто повеќе од истиот период лани.

На страната на трошоците очекувано се зголемени расходите на компанијата за трговски стоки како и за суровини и други материјали. Во споредба со истиот период лани овие, инаку, најголеми расходни ставки се зголемени за повеќе од еден милион евра и сега изнесуваат 8,3 милиони евра.

Заслужува да се истакне и грижата на Прилепска пиварница за своите вработени затоа што во овој период за нив исплатила 15 отсто повеќе од истиот период лани. Вкупниот износ на бртуо плати и трошоци за вработените е 1,34 милиони евра.

Значајно за истакнување е тоа што соодносот на финансиски приходи и финансиски расходи позитивно влијае врз добивката на компанијата. Во финансиските приходи особено се истакнуваат приходите од дивиденда кои за овој период изнесуваат 183.000 евра.

Нето добивката на друштвото е 848.000 евра за половина година и тоа е за 12 отсто послаб резултат од профитот што Прилепска пиварница го оствари истиот период лани.

Од билансот на состојба истакнуваме дека компанијата нема обврски по кредити (краткорочни ниту долгорочни).

Обврските за првите шест месеци се нешто повисоки од 5 милиони евра. Најголемо е учеството на обврските кон добавувачите и друи обврски и тие изнесуваат 3,3 милиони евра и во однос на лани се повисоки за 13 отсто.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал