05 Мај, 2024
0.0258

Македонија нема да учествува на „Евровизија“, трошоците и високите сметки за струја главна причина за откажувањето

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Македонија го откажа учеството на Евровизија 2023 година која ќе се одржи во мај во Ливерпул, Велика Британија, пишува порталот „ММС“, чии извори велат дека одлуката е донесена поради кризата, односно големите сметки за струја кои ги добива националниот сервис, но и воопшто високите цени во Велика Британија.

Информацијата ја потврди и директорот на МРТВ, Марјан Цветковски кој вели дека за првпат по осамостојувањето, нашата земја нема да биде дел од најголемата музичка манифестација во Европа.

- Да, да нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба скратени се сите трошоци, па така и овие кои требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја - вели Цветковски за „ММС“.

Македонија нема да учествува на оваа голема музичка манифестација за првпат од своето осамостојување.

Од 1991 година до денес земјата не учествуваше неколку пати поради неисполнување на пропозициите на ЕБУ или не успеа да се пласира во финале.

Најголем успех за нашата земја постигна Тамара Тодевска во Тел Авив во 2019 година, која се пласираше на 7-то место. Во 2020 година поради коронавирусот Евросонг не беше натпреварувачки, а учеството во 2021 и 2022 година со Васил Гарванлиев и Андреа предизвика скандал, па МРТВ беше критикувана и често се коментираше да се откажеме од учеството. 

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?