18 Декември, 2025
0.0697

Меѓународен ден на семејството, дали забораваме да разговараме со нашите деца?!

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2018 06:30

Добивај вести на Viber

Понекогаш е потребно родителите да научат како да се дружат и да разговараат со сопствените деца. Преоптоварени со многу обврски, не се сконцентрирани на една работа, туку паралелно ги извршуваат домашните и службените работи меѓу кои многу малку време останува за децата кои  овие  ситуации честопати  со право ги доживуваат  како отфрлување. Често се случува членовите на семејството да се блиску еден до друг, но да не учествуваат во заеднички активности, вели за Фактор м-р Татјана Гогоска од Првата детска амбасада Меѓаши. Таа скоро триесет години работи со деца и за деца и вели искуството е бесценето, бидејќи најголем успех е да се работи на  развој на емоциите кај децата,  што пак  според неа е  основата за развој на секоја личност во позитивна личност.

Одбележувањето на  меѓународниот  ден  на семејството 15 Мај,  како што вели треба да ја подигне свеста за значењето на вредностите кои се негуваат и развиваат во рамки на домот и како тие потоа се рефлектираат на општественото живеење. А,  токму родителите можат да ги поттикнат, но и да ги обесхрабрат интересите на детето. Можат да покажат интерес за светот на детето, но и да го обезвредат.

“Основниот позитивен пристап во семејството  e детето да биде основната клетка за развој на децата е сите членови да имаат рамноправен статус. Децата во семејства каде се третираат на ваков позитивен начин, со разговор, согледување на проблемите, нивно заедничко надминување, растат во здрави психички личности кои потоа во животот знаат исто позитивно да се носат со животните предизвици. Ќотекот е најбруталниот агресивен начин каде родителот ја покажува својата надмоќ и значење  и е неприфатливо во ниедна ситуација. Ќотекот кај децата предизвикува физичка болка но и понижување кое подоцна кога ќе порасне го исфрла кон други немоќни и на тој начин ќе ја лечи фрустрацијата”- вели Гогоска од Меѓаши.

Децата она  што го  учат во домот го  покажуваат надвор. Тоа според неа  е рефлексија на она што се случува во домот.

„Однесувањето на децата најчесто е чиста рефлексија на случувањето во домот. Има родители кои со висок тон, кавги, поставување на строги правила, закани и агресија  си ја покажуваат силата, исфрустрираноста немоќта. Родителите грешат и случајно, несакајќи најчесто поттикнати од некоја актуелна состојба, нервоза, стрес,финансиски проблеми. Тие не водејќи сметка за состојбата на детето,  едноставно се истураат на него. Е, сега има родители кои се сепнуваат но има други кои сметаат дека тоа е нормално. Тоа мора да се смени”- додава портпаролката на Првата детска амбасада.

Во воспитно-образовниот процес за овие состојби вели се посветува многу малку внимание. Најчесто кога проблемот ќе се актуелизира или кога ќе се пријави кај надлежните во училиштето. Дополнително силно влијание има и општествено-политичката состојба, како врз родителите, така и врз децата.

“Далеку сме од доволно. Не, не се обрнува внимание .  Училиштата се образовни институции,  а воспитанието за жал  им е второстепено. Децата трпат од немањето пари, останување без работа на родителот, притисок од извршители, стрес. Но сепак, тоа не е пресудно за општата слика. Во многу добростоечки семејства имаме агресивни родители. Во законот точно стои што е семејно насилство и како да се заштитат децата. Закони има но има проблеми за нивно  спроведување во пракса. Многу често насилствата  не се пријавуваат  од страв или срам. Многу често институциите замижуваат пред проблемот”- објаснува Гогоска.

Оттука заклучува дека треба да се работи пред се  на развој на позитивно родителство, а потоа  и на  обезбедување на безгрижно детство и функционално семејство.

Меѓународниот ден на семејството  е прокламиран од Обединетите нации уште во 1993 година. Овој ден според познавачите претставува одлична можност да се подигне свеста за теми поврзани со семејството и да се зголеми знаењето за социјалните, економските и демографските процеси кои влијаат на семејството. Последното истражување на УНИЦЕФ покажа дека  начинот на кој се воспитуваат децата, во голема мера, претставува проекција на функционирањето на едно општество. А сликата на македонското општество, „насликана“ во  истражувањето покажува голем степен на агресија. Па така според ова истражување, седум од десет деца на возраст од 2 до 14 години дома се дисциплинираат со насилни методи, односно со физички казни и психолошка агресија. Од УНИЦЕФ велат дека кај испитаниците постои верување оти насилните методи на дисциплинирање функционираат, односно 44 отсто од нив сметаат дека физичкото казнување е ефикасен начин за коригирање на однесувањето на детето, а 37 отсто мислат дека тоа се постигнува со психичкото казнување.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери