ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2024
Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин oткако подигнал брз кредит и останал без 12.000 евра.
Како што соопшти полицијата, 54-годишен жител на Охрид пријавил дека го измамил непознат измамник кој го убедил дека е од „фирма која работи со биткоини“, по што успеал да го „олесни“ за 12.000 евра.
„На 26.11.2024 во 11.00 часот во СВР Охрид, 54– годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 730.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило на 15.11.2024 и се претставило како претставник на фирма која работи со биткоини и дека е добитник на 15.000 долари како нивен корисник, а потоа му кажало дека за да ги подигне ќе треба да инсталира апликација преку која ќе се изврши наплатата, но дека прво ќе треба да изврши уплата на одредена сума на пари. Како што е пријавено, во два наврати тој ги уплатил парите, за што подигнал и брз кредит од финансиско друштво. Исто така, според пријавеното, на 24.11.2024 им пишал на нивната електронска адреса со барање за информација кога ќе ги добие парите, а откако го известиле дека биле заглавени во Народна банка, пишал и на официјалната електронска адреса на банката, од каде што добил известување дека тие не се нивни уплатници и дека најверојатно се работи за измама“, пишува во полицискиот билтен.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Слична измама неодамна пријави и кумановец.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.