11 Април, 2025
0.0685

НЕМААТ ЌАР, НЕ ГИ НИ ПРОДАВААТ, ЕТЕ ТОЛКУ ЈА ПОЧИТУВААТ ВЛАДИНАТА МЕРКА: Некои книжари затворија, а во некои маркети не се ни продава училишен прибор

Објавено во: Економија 06 Септември, 2024 07:00

Добивај вести на Viber

Откако Владата донесе одлука со која се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците, некои од книжарите во помалите населени места решија да ги затворат книжарите и да напишат дека наводно прават попис. 

„Не сакам да ја споменам населбата бидејќи имаме само две книжарници и сите ќе знаат дека зборувам за нив. Значи денес се упатив да купам прибор за син ми за на училиште, ниту една не работеше. На двете стоеше дека наводно прават попис. Малку е симптоматично бидејќи тие две книжари имаат дуопол во нашата населба и на повеќето од нас ни стана јасно дека најверојатно станува збор за намерно затворање, за да не продаваат производи за кои е намалена маржата“ вели скопјанка.

Познатата фејсбук страница пак, Шиљо магазин, објави фотографија од скопски маркет, каде досега се продавале училишни материјали, но овој пат истите иако изложени, не беа за продавање.


Во некои од маркетите пак, продажбата на предмети кои се потребни за на училиште беше укината. 

Можеби ќе ве интересира

СКАЈТРАКС ГО СМЕСТИ МАКЕДОНСКИОТ АЕРОДРОМ МЕЃУ ПРВИТЕ ДЕСЕТ: Пред нашиот се аеродромите во Будимпешта, Софија, Белград....

СКАЈТРАКС ГО СМЕСТИ МАКЕДОНСКИОТ АЕРОДРОМ МЕЃУ ПРВИТЕ ДЕСЕТ: Пред нашиот се аеродромите во Будимпешта, Софија, Белград....

КИНА НЕ ЗАПИРА: Зголемени царините за САД на 125 проценти

КИНА НЕ ЗАПИРА: Зголемени царините за САД на 125 проценти

КОЈ ЌЕ НОСИ ПРАДА, А КОЈ ВЕРСАЧЕ? Бизнис зделка вредна 1,25 милијарди евра

КОЈ ЌЕ НОСИ ПРАДА, А КОЈ ВЕРСАЧЕ? Бизнис зделка вредна 1,25 милијарди евра

ИНТЕРВЈУ СО АЛЕКСАНДАР САРЏОВСКИ, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ЕДС: Нов менаџмент, стабилност и перспективи на енергетскиот пазар

ИНТЕРВЈУ СО АЛЕКСАНДАР САРЏОВСКИ, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ЕДС: Нов менаџмент, стабилност и перспективи на енергетскиот пазар

Битолски „Пелистер“ се враќа во рудниците на РЕК Битола, по долго време го доби првиот тендер

Битолски „Пелистер“ се враќа во рудниците на РЕК Битола, по долго време го доби првиот тендер

СТАНОВИТЕ СТАНУВААТ НЕИЗБЕЖНА „ИНВЕСТИЦИЈА“ – масовно се купува имот, лани свртени над 1 милијарда евра на пазарот на недвижнини

СТАНОВИТЕ СТАНУВААТ НЕИЗБЕЖНА „ИНВЕСТИЦИЈА“ – масовно се купува имот, лани свртени над 1 милијарда евра на пазарот на недвижнини

КАКОВ ПРЕСВРТ! Откритие што целосно го менува светскиот поредок во борбата за ретките метали

КАКОВ ПРЕСВРТ! Откритие што целосно го менува светскиот поредок во борбата за ретките метали

КИНА СЕ ПОТСМЕВА СО ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Капите „Да ја направиме Америка голема пак“ се „мејд ин Чајна“, само сега се поскапи

КИНА СЕ ПОТСМЕВА СО ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Капите „Да ја направиме Америка голема пак“ се „мејд ин Чајна“, само сега се поскапи

Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД

Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД