„ОД БУГАРСКИТЕ СЛУЖБИ БЕВ НАРЕЧЕН КОВИД ВИРУС ЗА БУГАРСКИТЕ ИНТЕРЕСИ“: Димитров вели дека одамна предупредувале во Грција да се внимава на него, бидејќи бил успешен
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2025 08:27
Оние кои разбираат никогаш нема да судат”.
- Вилсон Канади
Пред некоја недела зборував дека токму овој Договор треба да се користи како најсилно оружје во маката со Бугарија.
Кому му одговара токму денес да плукаме врз ова дипломатско достигнување?
Во чиј интерес е да се сее магла и безобразно да се лаже дека Преспанскиот договор и таканаречениот француски пакет се еднакви? Кој денес има ќар од ваква пропаганда?
Ќе ве оставам сами да размислите за овие одговори.
Цитирам:
“Никола Димитров е најуспешниот дипломат што го имаат соседите. Тој, како амбасадор на САД го иницираше прознавањето на Македонија под уставното име и го убеди Буш.
Тој е човекот, кој со многу знаење и соработка ја обезбеди дипломатската победа на БЈРМ против нас во Хаг.
Признавањето на уставното име од страна на САД доведе до драстична промена и ги отежна условите за преговарање на Грција, додека одлуката од Судот во Хаг ја поткопа довербата на Грците во институциите.”
Кому и зошто му одеше во прилог да ме тргне од позицијата и да го штити “бугарското здравје” - исто ќе ве оставам сами да размислите.
Моето образование е јавно достапен податок. Моите останати кариерни достигнувања исто.
Тоа што не е јавно се сите задкулисни тепачки и со надворешни противници, ама и со структури дома и тоа низ сите партии.
Сиот труд, сите состаноци, убедувања, тактики. Сиот непрегор! Избирањето на Македонија секогаш, и тогаш кога понудите за надвор биле сон за многумина. Едноставно - одбивањето да се кренат раце!
Оти, има да нѐ биде и точка!
Пред кое прво искрено ќе се запрашате - кој сум јас и што јас направив за мојата татковина? Која битка јас ја добив на светска сцена? Таму каде што ни е мегданот. Што јас навистина трајно создадов?
Малку големина!
Бар малку вистинска македонштина!“, напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




