ПЕТОК И САБОТА ПРОЛЕТ, ВО НЕДЕЛА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Разликата ќе биде и до 20 степени

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2023 06:40
Во следниот период, односно до самиот крај на оваа седмица Балканот го очекува голем температурен шок (огромна разлика на температурите за многу кратко време). Најпрво следува големо затоплување на времето, како и продор на топла воздушна маса од југ, а многу набрзо и голем продор на поларниот вртлог од север, вели метеорологот Славчо Попоски.
„ На први декември, кога почнува климатолошката зима ќе имаме вистински пролетен ден, со пролетни температури на воздухот, иако ветерот од јужен правец нема да ни фали. Односно ќе дува засилен ветер од јужен правец. Најтопло ќе биде во Босна и Херцеговина, Хрватска, како и во соседна Србија и таму понекаде температурите ќе се искачат дури до 22 степени.
Кај нас во Македонија во петок и во сабота во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи и до 18 степени. Натпросечно високи и позитивни ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот.
Како што претходно најавивме, ова затоплување нема да трае многу долго. Веќе од недела на Балканот пристигнува нов голем продор на поларниоит вртлог од север, во регионот барем според моменталните анализи се очекуваат нови врнежи од снег, како и нова снежна покривка. Кај нас врнежи ќе има во недела и тие ќе бидат од дожд на пониските места, како и од снег на планинските места и на Скијачките центри.
Од недела теммпературите значително ќе се намалат и ветерот од јужен, ќе се промени во северен правец. Температурната разлика ќе биде огромна, се очекува температурна разлика дури и за повеќе од 20 степени за многу кратко време. Во земјите од регионот, температурите од недела наутро понекаде ќе се спуштат дури и под -10 степени, а минусни температури понекаде ќе има и преку ден.
Кај нас овој продор на поларниот вртлог барем одсега гледано, нема премногу да се почувствува и температурите на воздухот ќе останат позитивни, освен на високите планини каде тие ќе бидат под нулата.
Поради наглите големи температурни промени кои се очекуваат во следниот период, кај метеопатите се можни поголеми здравствени проблеми.“ објави тој.
Можеби ќе ве интересира
ПРИМИ ВИТАМИНСКА ИНФУЗИЈА ПРЕД ОПЕРАТА „ТРАВИЈАТА“: Тенорот Благој Нацески има вирусно заболување

„СО МОМЧИЊАТА“ - БУЈАР ОСМАНИ СПОДЕЛИ ФОТОГРАФИЈА: Во семејна атмосфера пред големиот празник Рамазан Бајрам

ПОДИГНУВАЊЕ НА СТРУЧНОСТА И ДОБИВАЊЕ ЛИЦЕНЦИ ЗА КВАЛИТЕТНИ СУДСКИ ПОСТАПКИ: Комората за вештаци организира обука

„ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ВО ВЛОШЕНА СОСТОЈБА, ТИЕ СЀ УШТЕ СЕ ИНТУБИРАНИ“: Денеска се враќаат пациенти од Литванија и од Шведска

ПО ПОЛНОЌ СТАПУВА И ЛЕТНИОТ РАСПОРЕД НА ЛЕТАЊЕ ОД СКОПСКИОТ АРЕРОДРОМ: Ќе пристигне Изиџет на 2. април, а од мај повторно ја имаме Барселона

СКАНДАЛОЗНО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ЗАШТИТАТ ДЕТЕТО ОД АВТОМОБИЛ ШТО СЕ ДВИЖИ ПО ПЕШАЧКА ПАТЕКА: Сѐ е по старо

РОДНИНА НА ПРАТЕНИЧКАТА БИСЕРА ЗЛАТЕСКА Е НАЗНАЧЕН ЗА КОМАНДИР: Левица обвинува за најновиот скандал кој доаѓа од МВР

КОЈА Е ЕКОНОМСКАТА ПРЕДНОСТ НА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Во 2.00 часот по полноќ стрелките на часовникот одат еден час напред

НЕВРЕМЕТО ВЧЕРА НАПРАВИ ПУСТОШ: Поројни дождови, град и силен ветер низ повеќе градови и села
