15 Декември, 2025
0.0273

Правда за „Скопски пазар“! Поранешните директори преку застарување на предметот куртулија од затвор, ќе платат ли 655.000 евра за штетата што ја направија?

Објавено во: Економија 13 Мај, 2025 08:30

Добивај вести на Viber

По осум години судска голгота и повеќе од 20 одложувања на судскиот спор, предизвикани најчесто од наводни боледувања, избегнување за прием на судска одлука, повремени напуштања на државата,  браќата Давитковски и другите обвинети дочекаа застарување на предметот по фамозните измени на Кривичниот законик, кои беа остро критикувани од Европската унија, стручната фела и други релевантни фактори. Дали еден од нивните бранители учествувал во изготвување на измените на КЗ? Сега останува само утешната награда во форма на материјална сатисфакција од 655.00 евра, која треба да се утврди во граѓанската судска постапка,  а кој износ беше замрзнат во кривичната постапка како гаранција за обештетување на „Скопски пазар“

Скопски пазар АД Скопје и по осум години судска голгота не ја доби правдата во судската правна битка против браќата Сашо и Тошо Давитковски и другите членови на тогашните органи на управување на скопската компанија која управува со зелените пазари ширум Скопје.

Цели шест години Скопски пазар АД Скопје и неговите акционери чекаа првостепена пресуда. Во септември 2023 година Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда, со која судот ги огласи обвинетите виновни за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување (чл. 353 ст. 4 в.в. ст.3 в.в. ст. 1 вв со чл. 45 од КЗ). Судот им изрече алтернативна мерка условна осуда во траење од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетите во време од 5 години не сторат ново кривично дело. Тогаш судот ги задолжи обвинетите солидарно да надоместат 655.000 евра на Скопски пазар АД Скопје, а компанијата тужител-Скопски пазар АД Скопје ја упати останатите 730.000 евра да ги побаруваат во граѓански спор.

Веднаш по објавата на кривичната пресуда во септември 2023 година, стапија на сила фамозните измени на Кривичниот законик и така се создадоа услови за апсолутна застареност за кривично гонење на осудените во овој предмет.

Исто така, со законските измени значително се намали казнивоста на кривичните дела, односно предвидена е казна затвор од најмногу 5 години за разлика од претходно кога беше предвидена казна затвор од 20 години. Токму поради ова, значително се намали и рокот на (апсолутна) застареност на кривичното гонење, и тоа на само 10 години, што во случајов значи дека не постојат услови да се води процес против обвинетите по 20.04.2025 година.

Апелациониот суд Скопје одлучувајќи по жалба на Давитковски, ја укина првостепената пресуда, а со бришењето на кривичното дело наведено во обвинението се изврши негова измена така што на обвинетите им се става на товар извршување на кривичното дело со облик „неизвршување на службената положба”, oдносно некористење на законските механизми за спречување на операцијата за намалување на основната главнина преку поништување на сопствени акции.

Апелациониот суд Скопје на 17.01.2025 година одржа јавна расправа во отсуство на обвинетите, по што донесе пресуда со која ги огласи обвинетите за виновни за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување и на секој од обвинетите му изрече алтернативна мерка условна осуда затвор во траење од 1 година, која нема да се изврши доколку обвинетите во време од 3 години не сторат ново кривично дело. Исто така, второстепниот суд ги задолжи обвинетите со надомест на штета на Скопски Пазар АД Скопје во износ од 44 милиони денари (разлика меѓу цената на купените сопствени акции и намалената основната главнина),а за разликата го упати оштетеното правно лице Скопски Пазар АД Скопје во граѓански спор.

Против пресудата на Апелациониот суд Скопје обвинетите изјавија жалба до Врховниот суд, кој ја укина второстепената пресуда во март и го врати предметот на повторно судење. Од ова јасно произлегува дека Врховниот суд не ги ослободил од вина овинетите, туку предметот го вратил на повторно одлучување. Факт кој остава огромен сомнеж во независноста и самостојноста при одлучувањето на Врховниот суд е тој што Врховниот суд морал и требал да го има во предвид рокот на застареност и по предметот да одлучува мериторно, односно да донесе одлука дали обвинетите се виновни или не. Но, се довел во ситуација од познати причини само за судиите во Советот кои одлучувале во Врховниот суд да преземе дејствија во насока на застарување на предметот, кое не смеел да си го дозволи највискиот суд во државата.

Откако предметот од страна на Врховниот суд бил вратен во Апелациониот суд Скопје, на 22 април оваа година одржано е рочиште, на кое не му преостанало ништо друго на судот освен да донесе одлука со која ќе констатира апсолутна застреност на кривичното гонење поради измените на Кривичниот законик од септември 2023 година, поради што  ја запре постапката

Како браќата Давитковски и нивните соработници го оштетија Скопски пазар АД Скопје

Додека беа членови на Управниот одбор на Скопски пазар АД Скопје, а воедно и големи акционери со акциите наследени од нивниот татко, браќата Сашо и Тошо заедно со другите лица со кои управуваа одлучија да поништат сопствени акции на Скопски пазар АД Скопје, со што направија штета од 1,4 милиони евра на Скопски пазар АД Скопје. Ова го направија на тој начин што ги поништија акциите платени со парите кои беа на компанијата, а не на Тошо и на Сашо Давитковски, а освен тоа и преку намалувањето на основната главница ја оштетија компанијата за над 650.000 евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета