Средба Заев - Звиздиќ: Македонија е пример за регионот како низ лидерски одлуки се отвораат евро-атлантските перспективи
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2018 19:31
На средбата е констатирано дека се во развој билатералните односи помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, за што говорат и честите средби на високи политички нивоа, коишто се дел од позитивните тенденции за соработка и евро-атлански перспективи на регионот.
Претседавачот со Советот на министри на БИХ, Звиздиќ, му честиташе и лично на премиерот Заев за достоинствените лидерски одлуки и чекори што отворија пат Република Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, а за неколку дена и покана за членство во НАТО на претстојниот Самит на Алијансата.
Се зафативме за сериозни реформи и се посветивме на градење добрососедски односи врз база на доверба и грижа едни за други. Така станаа возможни договорите со Бугарија и со Грција, низ заеднички напори, како и реализацијата на Планот 3-6-9 со клучните реформски приоритети. Отворените врати за Македонија од ЕУ и НАТО се дополнителен мотив, уште поенергично, како Влада и како општество да ги сработиме сите домашни обврски, пред се во делот на правосудството и воспоставувањето правна држава. Граѓаните на Македонија ќе живеат подобро и ќе бидат посреќни, а тоа го посакуваме за граѓаните на целиот регион, рече премиерот Заев.
На средбата, премиерот Зоран Заев и претседавачот со Советот на министри, Денис Звиздиќ, беа разменети мислења за можностите на унапредување на соработката меѓу Македонија и БИХ, меѓу што влегува и реализацијата на идејата за воспоставување авио линија којашто ќе ги олесни контактите меѓу двете земји на сите нивоа.

Пред средбата со Звиздиќ, премиерот Заев на покана на Агенцијата за избор на нај менаџер во БИХ, Југоисточна и Средна Европа и на Европското здружение на менаџери ја доби , највисоката награда, Златна плакета – европска личност на годината.
Непосредно пред почетокот на оваа традиционална манифестација, премиерот Заев даде изјава за медиумите во којашто изрази благодарност за честа што ја добива трета година по ред, втора како премиер на Република Македонија, да му биде врачена највисоката награда, Златна плакета за европска личност на годината.
Премиерот Заев соопшти дека годинешната плакета за европска личност на годината, ја посветува на сите негови колеги од регионот, премиерите од Босна и Хецеговина, Црна Гора, Албанија, Србија, Косово, на премиерите од Бугарија и од Грција, како и на граѓаните на сите наши држави.
Причина за тоа, како што рече премиерот Заев е тоа што лидерите од регионот и граѓаните заедно покажаа лидерство за добра сегашност и добра иднина, а само преку тоа заедништво и соработка, стана возможно да се постават мостовите меѓу нас во регионот и мостовите меѓу нашиот регион и Европа.
Оваа 2018 година, Република Македонија доби датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ, очекуваме и покана за членство во НАТО, за неколку дена. Оваа година се отворија перспективи и за регионот, рече премиерот Заев.
Воспоставивме регионална интензивна, искрена и пријателска регионална соработка и испративме порака дека решение за секој билатерален спор има, ако има политичка волја, рече претседателот на Владата, Заев.
ЕУ и НАТО освен политичка, се и економска стабилност и лидерите, граѓаните и државите од регионот треба да продолжат да работат заедно, рече во изјавата за медиуми во Сараево, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев..

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




