UNIQA најдобар осигурителен бренд во Македонија: Наградата ја доби од Global Banking & Finance
Објавено во: Мои пари 13 Јануари, 2023 14:49
Реномираниот интернационален сајт Global Banking & Finance за првпат UNIQA Македонија ја закити со победничка награда за 2022 година – „Најдобар осигурителен бренд во Македонија”
Со ова признание, UNIQA уште еднаш ја потврди својата позиција каконајдобар бренд присутенна пазарот за осигурување во Македонија .
Престижното признание,Global Banking & Finance го темели на повеќе критериуми меѓу кои, довербата на клиентите, квалитетот на дадената услуга, препознатливост во индрустријата, иновации и развој на продукти, општествена одговорност, стратешка предност во однос на конкуренцијата и висина на полисирана премија .
„Оваа награда од
светски рамки и меѓународната титула во светот е вистинска чест за нашата
Осигурителна Компaнија и доказ за доброто менаџирање, здравиот деловен модел,
довербата на клиентите и посветеноста на тимот. Благодарен сум на нашите
клиенти и сите мои колеги. Без нив ниту една награда не би била возможна.“ –
изјави директорот Дритон Азизи.
Со ова меѓународно признание од Global Banking & Finance - се потврдува дека UNIQA Македонија чекори по европските стандарди за осигурување.
UNIQA Македонија е дел од Австриската осигурителна групација UNIQA ( UNIQA INSURANCE GROUP ), која во Европа е присутна со 40 друштва за осигурување во 18 држави.
UNIQA во Македонија е застапена преку две друштва за осигурување – “УНИКА АД Скопје” во сегментот на неживотното осигурување и „УНИКА ЛАЈФ АД СКОПЈЕ” во сегментот на животното осигурување, при што двете друштва се меѓу водечките осигурителни институции на македонскиот пазар на осигурување.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




