15 Мај, 2024
0.0372

10 познати личности кои ќе летаат во вселената

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Сер Ричард Бренсон има желба да го оствари сонот на многу луѓе - да патуваат во вселената . Вселенскиот туризам е само прашање на време . И пари ... Лет од 15 минути ќе чини 200 000 долари. Првото такво патување треба да стане реалност оваа година . За летовите со вселенскиот брод Virgin Galactic SpaceShipTwo веќе има пријавено многумина , вклучувајќи многу познати личности . Ова се 10-те познати личности , за кои се знае дека ќе летаат во вселената со компанијата на Бренсон : 10 . Стивен Хоукинг - физичар кој располага со 20 милиони долари. Тој е меѓу најпознатите научници во светот во моментов . Тој не си купил билет , туку има лична покана од Бренсон . 9 . Расел Бренд и Кејти Пери - генералната состојба им е 70 милиони долари. Двајцата се разведоа во 2012 година , но сепак имаат планови да летаат во вселената . Билетите ги купила Кејти Пери. 8 . Кејт Винслет - актерката располага со лично богатство од 90 милиони долари. Во моментов таа е мажена за внукот на Бренсон . Бренсон и подарил билет , откако таа и помогнала на мајка му да се спаси од пожарот на неговиот приватен остров Некер Ајленд . Винслет ќе биде меѓу првите патници. 7 . Џастин Бибер - неговата лична состојба е 140 милиони долари Тој купил билет за себе и за својот менаџер Скутер Браун . Потоа на Твитер објави дека сака да направи концерт во вселената, а од НАСА му одговорија дека сакаат да му помогнат . 6 . Ештон Качер - актерот располага со 140 милиони долари. Качер сам си купил билет и е клиент број 500 . 5 . Леонардо Ди Каприо - актерот има 200 милиони долари. Според гласините , тој купил два билети. 4 . Викторија Принсипе - таа располага со 200 милиони долари. Купила билет во 2013 година и сака да биде меѓу првите ѕвезди во вселената . 3 . Бред Пит и Анџелина Џоли - двајцата заедно располагаат со 310 милиони долари. 2 . Том Хенкс - личната состојба на Хенкс е 350 милиони долари. Тој беше меѓу првите во Холивуд кои си купија билет . 1 . Ричард Бренсон - има 4.1 милијарди долари . Тој е основач на проектот и се разбира, ќе лета прв .

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува