10 работи што мора да ги набавите на Garage Sale во Рамстор Мол
Објавено во: Мои пари 17 Август, 2016 10:16
Најголемата шопинг манија во градот, Garage Sale во Рамстор Мол, само што започна! Дали сте подготвени за нова луда авантура за потрага на производи по ниски цени до 70% попуст?
Ние ви предлагаме 10 работи што не смеете да пропуштите да ги купите на петтата акциска распродажба во трговскиот.
- Облека – никогаш доста од модните трендови и тенденции што налагаат стилски неодоливи комбинации.
- Обувки – едноставно не постои човек што може да изјави дека има доволен број на обувки. Се согласувате? J
- Модни додатоци – чантите, марамите и накитот, едноставно секогаш се во тренд и ја освежуваат секоја модна комбинација.
- Книга – затоа што ваквата анти стрес терапија чини премалку, ако ги земеме предвид придобивките што ги нуди.
- Технологија – се ближи обновувањето на модерната технологија во вашиот дом
- Играчка – ништо не може да ги израдува вашите малечки како нова играчка, а уште ако нуди и едукативна содржина, верувајте дека сте направиле вистински погодок.
- Козметика – време е за нови козметички производи што одамна ги посакувавте и кои ќе го освежат вашиот несесер.
- Декоративни елементи – внесете свежина во вашиот дом со стилски елементи за доопремување на домот или пак работната просторија.
- Изненадување за миленичето – вашето најдобро пријателче заслужува да биде најубавото милениче во околината. Купете му уникатен ремен и гордо парадирајте во Градскиот парк.
- Подарок – не чекајте повод, едноставно помислете на драга личност и спонтано изберете подарок со кој ќе знаете дека сигурно ќе и го разубавите денот.
Во продолжение дел од богатиот избор на производи и облека кои што можете да ги купите за време на акцијата Гараж сејл.
Побрзајте, акцијата трае до недела, 21ви август.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка













