15 Февруари, 2025
0.0241

„100% Заљубени во Sunday“ нова кампања за колачиња и десерти на Македонскиот бренд

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Македонскиот бренд за колачиња и десерти „Sunday“, со возбуда го објави лансирањето на својата нова кампања, „100% Заљубени во Sunday“, која ќе ги израдува љубителите на колачиња. Кампањата е дизајнирана да донесе момент на сласт и среќа на секој потрошувач, истакнувајќи ги неодоливите вкусови и пријатното чувство на споделување колаче со саканите.

Почнувајќи од  денеска, никој нема да одолее на новата кампања „100% Заљубени во Sunday“, колачиња кои го претвораат секој момент во момент исполнет со топлина и поврзаност, радоста на споделување и уживање, сето тоа завиткано во 100% љубов.

-  „Sunday“ е сладок начин да се каже „Те сакам“, а најлесниот и најјасниот начин да се искаже љубов е преку песна! Концептот на кампањата е инспириран од песната 100% те љубам. Песната е основата околу која ја градиме приказната за љубовта.

Имаме за цел да ги зближиме луѓето, да ги потсетиме на среќата што доаѓа од едноставното, но совршено задоволство, секако и да им го стоплиме срцето за време на претстојните празнични денови“- сподели маркетинг тимот на брендот „Sunday“.

За да ја започне кампањата Македонскиот бренд, со дегустации низ поголемите маркети во земјата, во текот на месец ноември и декември, ги покани потрошувачите лично да ја искусат магијата на  различните вкусови како: гурабија, ванилица со џем, повеќе видови на баклава, тулумба, традиционални и нови вкусови на парени колачиња.

Имено,  домашните колачиња и десерти на производителот  „Колид С Тим“, на пазарот се присутни од 2002 година, а брендот „Sunday“ кој е заштитена трговска марка на компанијата, е присутен на пазарот од 2010 година.

„Sunday“ е бренд во коj потрошувачите веруваат и го препознаваат високиот квалитет. Компанијата продолжува да иновира со нови вкусови и возбудливи партнерства.

Со посветеност на квалитетот и радоста во секој залак, „Sunday“ стана главен производ во домовите низ целата земја, но и надвор, со присутност во повеќе од 30 земји низ светот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер

Почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Штип добива нова, модернизирана услужна единица на ПроКредит Банка

Штип добива нова, модернизирана услужна единица на ПроКредит Банка

УНИБанка АД Скопје и Развојна банка на Р.С. Македонија потпишаа Рамковен договор за учество во кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва, т.н. Унгарска кредитна линија

ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Купување и подарување за денот на вљубените, потреба или тренд?!

Купување и подарување за денот на вљубените, потреба или тренд?!

„Заборави го паричникот, плати со Google Pay“ - ПроКредит Банка ја лансираше најновата услуга за брзо, безбедно и лесно плаќање

„Заборави го паричникот, плати со Google Pay“ - ПроКредит Банка ја лансираше најновата услуга за брзо, безбедно и лесно плаќање

„Неочекувано“ од Ана Мовска е роман со длабока хуманистичка порака за здружувањето заради постигнување повисока цел

„Неочекувано“ од Ана Мовска е роман со длабока хуманистичка порака за здружувањето заради постигнување повисока цел

Со „PayByLink“ онлајн сервисот на НЛБ Банка, е-трговиjата станува достапна за секој трговец

Со „PayByLink“ онлајн сервисот на НЛБ Банка, е-трговиjата станува достапна за секој трговец