Shelf Help – Нова едиција со книги за самопомош во издание на „Арс Ламина“

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2024
Ментално здравје, бизнис и лидерство, личен развој, врски, здравје, животен стил, семејство и родителство се само дел од темите што го засегаат современиот човек, а кои ги опфаќа новата книжевна едиција Shelf Help на издавачката куќа „Арс Ламина“. Станува збор за едиција со куси и практични водичи за самопомош, кои помагаат во подобрување на животот на читателите.
Книгите се поделени во неколку поткатегории со цел да понудат фокусирани и ефективни решенија за секојдневните предизвици.
Shelf Help вклучува повеќе интернационални наслови, од кои трите први книги веќе се излезени од печат. Меѓу нив се: светскиот бестселер „Фенг шуи во вашиот живот“ од Мари Дајмонд – кој е водич во тоа како да го искористите домот за привлекување на животот од вашите соништа; „Кон повисоко ниво“ од Роб Дајл – што открива како да се фокусирате, да престанете со одложување и да го подобрите вашиот живот; Водичот со вежби и активности - „Црвена линија“ од Џулијан Тејлор Шор – кој открива како да поставите граници за да ја сочувате вашата енергија и менталното здравје.
Наскоро се очекува да бидат објавени и книгите „Француската уметност на доброто живеење“ од Кети Јандел – Како да ја пронајдете радоста на животот во вашето секојдневие и „100 начини како да го промените вашиот живот“ од Лиз Муди – Како да го подобрите вашето здравје, да ги унапредите вашите врски и да постигнете успех и среќа.
Во иднина едицијата ќе биде дополнета со уште многу други наслови.
Shelf Help е идеална за сите кои сакаат да направат позитивни промени во својот живот и да се соочат со предизвиците на модерното време, затоа што неопходната помош доаѓа од полиците.
Книгите во издание на „Попули“ и „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.
Можеби ќе ве интересира
„Се викам храброст“ е книга којашто ќе ги инспирира новите генерации

Design Thinking: Креативниот пристап што ги менува правилата на играта за младите претприемачи

Со зголемување на платите за 10 отсто дм дрогерие маркт уште еднаш ја потврди посветеноста кон грижата за своите вработени!

Дајмонд мол организира Саем на виното и чоколадото по повод празникот на љубовта и виното

Ова мора да е љубов - МТЕЛ со специјални попусти на постпејд пакетите и 50 отсто попуст на телефони!

Дајмонд мол организира Саем на виното и чоколадото по повод празникот на љубовта и виното

Кампања на Mozzart „Повеќе од гол” – Филип Кузмановски ја намени донацијата за Детската клиника во Скопје

Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

United Group постигна договор за продажба на SBB Србија на e& PPF Telecom, како и Net TV Plus и правата за спортски преноси за Западен Балкан на Телеком Србија
