Кампања за млади од Шпаркасе Банка – Те честиме за твојата прва плата со БОНУС од 6.000 денари

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2024
Шпаркасе Банка продолжува да нуди иновативни решенија за младите! Со новата кампања „Те честиме за прва плата“, сите млади на возраст од 18 до 25 години што ќе ја префрлат својата плата во Шпаркасе Банка, ќе добијат еднократен бонус од 6.000 денари на својата Vibe On сметка.
Квалификувани за учество во кампањата се сите млади на возраст од 18 до 25 години, кои ќе ги исполнат следните услови:
· Ќе отворат сметка во Шпаркасе Банка и ќе активираат Vibe On пакет за млади со Visa дебитна картичка;
· Ќе примат две последователни плати на Vibe On сметката, а бонусот од 6.000 денари ќе им биде исплатен на нивната сметка по примањето на втората плата.
- Продуктот „Те честиме за прва плата“ е создаден со цел да обезбеди поддршка за младите што го започнуваат својот професионален пат, нудејќи им финансиска помош и пристап до уникатните придобивки на Vibe On пакетот. Со платформата Vibe On, Шпаркасе Банка е посветена на обезбедување најдобри банкарски решенија за младите, сметајќи ги за свои најголеми партнери. Преку иновации и посветеност, Шпаркасе Банка работи заедно со младите во креирањето стабилни финансиски основи, кои ќе им овозможат успех во иднината и ќе ја зајакнат нивната финансиска благосостојба“,изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.
Кампањата „Те честиме за прва плата“ трае сè до 30.6.2025 година или до искористување на средствата предвидени за исплата.*
За повеќе информации, посетете ја најблиската подружница на Шпаркасе Банка или веб-страницата www.sparkasse.mk
#ВерувајВоИднината
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
„Се викам храброст“ е книга којашто ќе ги инспирира новите генерации

Design Thinking: Креативниот пристап што ги менува правилата на играта за младите претприемачи

Со зголемување на платите за 10 отсто дм дрогерие маркт уште еднаш ја потврди посветеноста кон грижата за своите вработени!

Дајмонд мол организира Саем на виното и чоколадото по повод празникот на љубовта и виното

Ова мора да е љубов - МТЕЛ со специјални попусти на постпејд пакетите и 50 отсто попуст на телефони!

Дајмонд мол организира Саем на виното и чоколадото по повод празникот на љубовта и виното

Кампања на Mozzart „Повеќе од гол” – Филип Кузмановски ја намени донацијата за Детската клиника во Скопје

Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

United Group постигна договор за продажба на SBB Србија на e& PPF Telecom, како и Net TV Plus и правата за спортски преноси за Западен Балкан на Телеком Србија
