11 декември, време за отплата на гревовите
Објавено во: Македонија, Колумни 21 Ноември, 2016 15:00
Денеска почнува
изборната кампања за вонредните парламентарни избори од чии резултати се
очекува земјата да добие парламентарна и извршна власт која ќе обезбеди враќање
на демократските принципи. Принципи што подразбираат пред се’ контрола на
злоупотребата на моќта, еднаквост, одговорност, транспарентност, владеење на
правото, и тоа се со цел поставување на
локомотивата на колосекот кој треба да обезбеди излез од длабоката економска
криза. Ваквите очекувања се присутни кај повеќето граѓани, меѓутоа, не сите од
нив идентично ги разбираат споменатите принципи.
Кај дел од приврзениците на владината коалиција не постојат проблеми во изградбата на правна држава, економска криза не постои, а актуелната политичка криза ја предизвика опозицијата. Ништо не им значат критиките за партизираност на државата, дури и за нејзино заробување, узурпирање од врхушката на власт. За нив нема ни економска криза и покрај очигледната немоќ земјата да ја извадат од „замката“ на ниски стапки на раст, ниту со задолжувања кои ќе ги враќаат идните генерации. А за евроатланските интеграции и не сфаќаат дека денеска проблемот не е само името или, објективно гледано, со оглед на вкупните проблеми во земјата, тоа станува споредно прашање.
Мора да разбереме дека Унијата не сака земја со проблеми. И какво фајде би имале доколку станеме членка, а притоа се заобиколат неопходните реформи за создавање на ефикасна правна држава и функционална пазарна економија? Тука среќа нема, зошто нема ни перспектива и одржлив развој. Зарем нормално е да бараме да бидеме примени во Европа со бремето кое го носиме од организираното нелегално прислушување, за почеток на над 5000 граѓани. Какви граѓани би биле ние ако не се обезбеди правна разврска за виновниците со што се повредија нивната приватност и нивните човечки права, а да не зборуваме за злоупотребите што можат да се прават преку незаконски прислушувања на личните комуникации на политички конкуренти, бизнисмени, новинари....
Сепак изборот е на граѓаните. На изборите на 11 декември тие треба да одлучат дали ќе им дадат поддршка на кандидатите кои не нудат ништо повеќе од одржување на статус кво позиција со што само не’ водат кон продлабочување на кризата или ќе се определат за кандидатите кои недвосмислено се определени да стават крај на десетгодишното авторитарно владеење.
Нема ниту еден здрав аргумент за одржување на статус кво позиција. Неодржлива е дилемата за некаков избор меѓу Парите и Демократијата. Божем гласачите, од интерес, ќе ги одберат коруптивните Пари на власта. Всушност, дилема и не постои, бидејќи нема на видик големи Пари поради кои граѓаните би замижале на злоделата од власта кои ни се случуваат. И од она што зедоа не се усреќија. Земјата е во групата на најсиромашните во Европа, со најниски просечни плати и пензии...А со интензивниот пораст на јавниот долг и потребата за негово сервисирање сериозно е редуцирана можноста за подобрување на состојбите. Очигледно е дека отфрлањето на режимот и фаќањето пат кон демократијата е единственото решение да се направи пресврт кон одржлив развој и побогат живот на населението.
За надминување на дилемата кому да му се даде довербата не треба многу напори. Ѕидот кон вистината се руши штом ги слушнете, „бомбите“ на Заев. Од таму јасно се гледа кој не’ водел. Со покренување на обвинение против лица од УБК паѓа и одбраната дека прислушувањата ги вршеле странски служби. Не заборавајте дека врхушката на власт, во контролиран правосуден систем, не се обиде да ја докажува својата невиност. Го спречи дури и утврдувањето на политичка одговорност во Собранието на РМ. Сета активност ја насочи кон лиферување на лаги за да се одбрани од оптужбите за извршеното, по обем, невидено злодело. Ги искористи и сите институции да ја опструира работата на расчистување на сомневањата и оптужбите за извршените недела. Изнуди дури и вратоломии каква што беше аболицијата на над 50 лица во врска со прислушуваните материјали. Не се срами ни да се заканува дека ќе го укинат, доколку ја освојат власта, и СЈО, институцијата за чие формирање и врхушката даде благослов. Очигледно е дека со нивната досегашна „одбрана“ само ја признаваат вината за скандалот со прислушувањата, а се’ што прават е во насока да ја избегнат одговорноста за тоа.
Пробивот кон подобро е можен само доколку се стави крај на криминогеното владеење. Ако му се даде поддршка на режимот извесно е дека состојбите ќе се влошат и ќе продолжи агонијата во земјата. Но, нема многу да трае. Противречностите се толку изразени што криминогената власт не може да ги разреши. Режимот ќе се распадне сам од себе. Меѓутоа, цената ќе биде многу повисока одколку кога би се отфрлила на предвремените избори. Гласачите се на потег, 11 декември е датумот со кој треба да започне отплатата на гревовите.
д-р Крсте Шајноски* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи
Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?
Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица
Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите
Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед
„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција
Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка
Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше




