12,6 милиони евра ќе се инвестираат во шест регионални патишта
Објавено во: Македонија 03 Септември, 2013 13:59
- Постојано имаме вложувања во патната инфрастрктура, а следен проект на кој ќе биде ставен фокусот е реконструкција на патот Велес-Скопје, нагласи денеска премиерот Никола Груевски, по потпишување на договорот меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот за финансии и економија во Ченгду за основање Институт „Конфуциј“.
- Владата на Република Македонија и Агенцијата за патишта до крајот на годината подготвуваат реконструкција, ревитализација, а некаде и проширување на нови шест регионални патишта во должина од околу 100 километри, во кои ќе се инвестира 780 милиони денари односно 12,6 милиони евра, изјави Груевски по барање на новинарите да направи пресек на вложувањата во патната инфраструктура и додаде оти покрај овие има уште многу други проекти врзани за патната инфраструктура.
Инаку, до крајот на 2013 година се очекува да завршат работите на регионалните патишта: Ангелци-Вељуша-Водоча-Баница, Радовиш-Конче-Лубница, потоа регионалниот пат Кавадарци-Мушов Гроб, Струга-Дебар, Бошков мост-Гарски мост, како и Тетово-Јажинце
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




