125 студентски стипендии за информатичари
Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2012 14:46
125 стипендии ќе им бидат доделени на талентираните студенти по информатика, од кои 105 за студенти од студиските програми на јавните универзитети, а 20 стипендии за оние од приватните, соопшти денеска Министерството за образование и наука.
Конкурсот важи за оние студенти кои се запишани на додипломски студии од прв циклус на студиски програми по информатика за студиската 2012/2013 гoдина. Стипендијата од МОН ке биде во износ од 5.500 денари за девет месеци во текот на студиската година. Ќе се доделува за толку семестри колку се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање. Студентите, кои се пријавуваат на конкурсот, треба да пополнат електронска пријава, најдоцна до 7 ноември, како и да ги достават потребните документи во Министерството за образование и наука, од 12 до 16 ноември. Како што информираат од Министерството, целта на стипендиите е да се стимулираат студентите за постигнување подобри резултати во студирањето, стекнување знаења компатибилни со светските достигнувања во областа на информатиката и нивна конкурентност на пазарот на трудот.Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




