13 милиони денари ќе отидат за новогодишното украсување на Град Скопје
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2018 14:27
13 милиони денари е сумата која Град Скопје ќе ја потроши за Новогодишното украсување кое почнува од вечeрва.
Градоначланикот на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за новинарите рече дека согласно буџетската ставка за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години.
Новина е, додава, новогодишната населба Винтерленд, што ќе внесе нова, побогата новогодишна содржина.
-Ни се ближат едни од најубавите празници, Новогодишните и Божикните. Граѓаните на Скопје мора од својот град да добијат нешто што не го добивале досега. Она што го гледаме, по слики по разгледници по репортажи зошто да не го направиме во нашиот град. Не треба да бидеме скептици за некои новини, рече Шилегов во врска Винтерленд.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




