16 Декември, 2025
0.0738

16 милијарди долари за турската индустрија од нуклеарните централи

Објавено во: Балкан 20 Април, 2014 19:15

Добивај вести на Viber

Приходи од 16 милијарди долари за турската индустрија од реализацијата на проектите за изградба на двете нуклерани централи во Турција, очекува турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз. Во интервју за агенцијата Анадолија, Јилдиз вели дека турската индустрија при реализацијата на овие два проекти ќе може да учествува како во самата нивна изградба, така и во обезбедувањето на машини, опрема и електрични компоненти. - Нашите анализи покажуваат дека во моментов постојат 460 турски компании кои можат да понудат стоки или услуги при изградбата на нуклеарните централи, изјави Јилдиз. Во процесот за изградба и опремување на двете нуклераки би биле ангажирани околу 20.000 работници, од кои 80 проценти би биле од Турција. По изградбата на двете нуклеарки, Турција ќе може да заштеди 7,2 милијарди долари годишно што сега ги троши за увоз на природен гас за потребите на домашните термоцентрали. Во 2011 година Турција потпиша договор со руската енергетска компанија „Росатом“ за изградба на нуклеарна централа на брегот на Средоземното Море во округот Мерсин. Покрај оваа, во соработка со француско-јапонски конзорциум, Анкара планира да изгради и втора нуклеарка кај градот Синоп на Црното Море.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени