19 Декември, 2025
0.0607

1ТВ смета дека снимката со Боки 13 е протечена од Обвинителството

Објавено во: Македонија 08 Август, 2019 11:23

Добивај вести на Viber

1ТВ, телевизијата чиј сопственик е Бојан Јовановски познат како Боки 13, коментирајќи ја видео и аудио снимката која ја објави извесната ЛаВерита од Милано на која се гледа како тој и Зоран Милевски изнесуваат торби од куќата на бизнисменот Орце Камчев, смета дека материјалите се изнесени од Основното јавно обвинителство, но и дека не е целосно автентична.

„Водејќи се од начелата на редовно информирање 1тв.мк го објавува видео записот кој отвора и прашање, како и зошто вакви материјали кои евентуално би требале да послужат како доказ за обвинение од ОЈО, и се релевантни, би протекле од архивите на Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Снимката освен банкноти од евра и запис како заедно Јовановски и Кичеец  ја напуштаат куќата на осомничениот во случајот „Империја“, го нема документирано клучниот момент на наводното предавање на пари. Исто така симптоматично е тоа што парите се снимани со телефонска камера каде што не стои дата и саат, за разлика од вториот дел каде што од приватните камери на осомничениот во „Империја“ се гледа напуштањето на куќата а во нив има саатница и датум“, коментира 1ТВ.

Засега не е познато од каде италијанскиот весник ја добил снимката. Македонските власти досега не се огласија со реакција за случајот. Основното јавно обвинителство до сега се нема огласено да потврди дали снимката е од кај нив, или не.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот