05 Декември, 2025
0.0488

20 компании во Хјустон се запознаа со македонската бизнис клима

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2012 15:47

Добивај вести на Viber

Претставници на 20-ина компании од енергетиката и петрохемиската индустрија во Хјустон се информираа за поволностите за инвестирање во Македонија и придобивките од отворање и водење бизнис од македонскиот владин тим, предводен од премиерот Никола Груевски, на вториот ден од економската презентација на Македонија во САД.

Премиерот Груевски ја претстави деловната клима во Македонија, со најниски трошоци за бизнис, и ги акцентираше можностите за искористување на минералните суровини во нашата земја, и пристапот на бизнисите кон деталните геолошки испитувања и геолошките искористувања на металични и неметалични потенцијали кои ги поседуваме.

Во обраќањето, соопшти владината служба за информирање, премиерот Груевски истакнал дека Република Македонија овозможува најниски трошоци за отворање и водење бизнис во Европа. Тие се состојат од нискиот даночен пакет, ослободувањето од даночни оптоварувања во првичниот период на отворање на бизнис во технолошко-индустриските развојни зони, ослободувањето на плаќање данок на добивка доколку таа не се распредели како дивиденда, како и компаративно пониските трошоци за ангажман на соодветна и добро едуцирана и квалификувана работна сила.

Најдобра потврда и гаранција за позитивните можности кои ги нудиме на странските инвеститори, според Груевски, се одлуките на странските компании, што веќе имаат отворено свои производствени капацитети во нашата земја, да отворат и дополнителни и нови капацитети кои ќе ги користат за производство. Посочи и дека како резултат на промоцијата на економските поволности што ги нуди нашата земја во последниот период десетина компании донеле одлука или пак отвориле свои капацитети во Република Македонија.

За можностите за инвестиција во енергетските капацитети во Македонија  и можностите за искористување на енергетските потенцијали пред бизнисмените во Хјустон говореше вицепремиерот Пешевски. Тој се осврна и на макроекономските индикатори за  Македонија што гарантираат стабилно и предвидливо опкружување, и позитивна бизнис атмосфера и амбиент за реализација на инвестициите, како и поддршката и сервисната улога на владините институции.

Во текот на денов во Хјустон владината делегација ќе присуствува на бизнис форум, каде што пред претставници на повеќе компании ќе ги презентира компаративните предности кои Република Македонија ги нуди на странските инвеститори.

Предвидено е македонскиот премиер да го посети Тексашкиот медицински центар и да оствари средби со управниот тим на медицинската установа во насока на креирање можности за засилување на соработката во областа на здравството. Премиерот Груевски ќе има средба и со градоначалничката на Хјустон, Анис Данет Паркер

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје