20-ТИНА ДЕЦА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ И ВО КОЗЛЕ СО ТЕШКИ ПНЕВМОНИИ: Треба да видиме дали се пост-ковид компликации, д-р Стојановска за Фактор
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2021 14:10
Откако беше
вклучен алармот за зголемен број на деца во Општата болница Гевгелија со
симптоми на респираторната инфекција кои според тамошните лекари не се типични за овој период од годината, денеска има информација и од Институтот
за белодробни заболувања кај децата-Козле, во Скопје, дека таму, пак, исто така
има 20-тина хоспитализирани дечиња со тешки долнореспираторни заболувања.
Д-р Лидија Стојановска, педијатар во Институтот за Фактор појаснува дека кај сите овие дечиња, кои се од доенчка возраст, па се до 2-3 години, инфекцијата трае подолго, односно самото лекување трае повеќе денови од вообичаено.
-Станува збор за дечиња со тешки долнореспираторни инфекции кои се резистентни на терапијата, заради што текот на лекувањето е подолг. Обично сите пневмонии за седум дена се лекуваат, но тука сега лекуваме и до 10, 12 дена. Ваквите долнореспираторни инфекции се карактеристични за зимскиот период, така што можам да кажам дека ова е нешто сосема невообичаено и нетипично за овие летни месеци. Инаку, сите примени дечиња кои ги лекуваме тука, имаат негативни тестови на Ковид-19, бидејќи како и досега, откако почна пандемијата, ПЦР тестот е главен протокол при прием во болница. Она што треба да го направиме, за што и дискутиравме со стручниот колегиум е да видиме дали станува збор за пост-ковид компликација. Веќе е докажано дека најголем дел од децата, инфекцијата со корона вирусот ја поминаа асимптоматски, но сметам дека треба да се направат антитела, за да видиме дали имале контакт со вирусот и дали ова сега со кое се соочуваме е навистина пост-ковид компликација, посочува д-р Стојаносвка.
Инаку, и во гевгелија, како што денеска информираше министерот за здравство, Венко Филипче, сите дечиња се негативни на корона вирусот. Утринава, тим од Клиниката за детски болести од Скопје, предводен од директорката, Аспазија Софијанова отпатува во Гевгелија за да заедно со тамошните лекари испитаат за каква респираторна инфекција станува збор кај дури 50-тина деца од доенчка возраст до пет години.
Во моментов во болницата се хоспитализирани само две бебиња, поради возраста, а околу 20 деца се на терапија.
Ваков тип на инфекции не се карактеристични за летниот период, туку за есен, и затоа ќе се испитува што ги предизвикало, истака денеска Филипче, а како што вчера соопшти Министерството за здравство, по детална анализа, јавноста ќе биде информирана.
Анита БуховскиМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




