19 Декември, 2025
0.0518

250.000 долари за еден говор – Бернанки во трка со Клинтон

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2014 15:07

Добивај вести на Viber

Поранешниот шеф на американската централна банка, Бен Бернанки за својот говор во време траење од 40 минути во Aбу Даби заработил многу повеќе отколку што заработил минатата година како прв човек на федералните резерви. За првиот јавен говорен настап, откако во јануари ги напушти федералните резерви, Бернанки во Абу Даби, добил 250.000 долари, во споредба со 199.700 долари кои успеал да ги заработи во цела 2013 година, пренесува Ројтерс. Тоа е само првиот говор од трите планирани кои Бернанки ќе ги оддржи ширум светот оваа недела, а во кој поранешниот прв човек  на  федералните резерви на САД се осврнал на тактиката на централната банка на САД за време на кризата во перидот 2007 – 2009 година, кое прашање е центар на неговото истражување веќе подолг период и за кое лично тој планира да издаде и книга. На конфереенцијата во Абу Даби, во организација на Националната банка на Абу Даби, присутните биле задолжени да платат по 2.000 долари за да ги слушнат говорите на Бернанки и другите говорници, вклучувајки го и поранешниот министер за финансии на САД, Лоренс Самерс. Според оценките на експертите, 60 годишниот Бернанки од секој од своите говори би можел да инкасира околу 250.000 долари. И покрај така високата заработка. Бернанки и понатаму е далеку зад поранешниот претседател на САД Бил Клинтон кој го постави златниот стандард за претворање на харизмата во пари и кој според одредени проценки заработил два или дури и три пати поголема сума од Бернанки за своите појавувања во последните неколку години. K.K.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии