250 илјади синдикалци излегуваат на протести во Турција
Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2013
Од македонскиот конзулат во Истанбул повикаа македонските граѓани да ги избегнуваат областите Таксим, Бешикташ и Ѓумшуј, поради масовните протести во Турција. Утре се очекува нивно ескалирање бидејќи ќе се вклучат турските синдикати.
Членовите на Конфедерацијата на синдикати на државните службеници во Турција (КЕСК) денеска стапија во генерален штрајк и се придружија на протестите. КЕСК соопшти дека штрајкот најверојатно ќе продолжи до утре вечер.
„Првично планиравме да стапиме во штрајк на 5 јуни со барање за зголемување на безбедносните услови при работа и за зголемување на платите. Поради протестите го сменивме датумот и се приклучуваме на демонстрантите“, изјави претставник на КЕСК кој додаде дека нивниот број изнесува околу 250.000 луѓе.