29 Јуни, 2024
0.0336

30 Илјади социјалци ќе имаат предност при вработување!

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Примателите на социјална помош ќе имаат предност при вработување во приватни компании, а компаниите за тоа ќе добиваат субвенции од државата во висина од 80% од помошта што ја примале социјалците. Овој владин предлог на самиот старт на изборната кампања го најави премиерот Никола Груевски. Економистите се со поделени мислења, а работодавачите се затекнати.  Работодавачот од приватен сектор, кој ќе вработи невработено лице, корисник на социјална парична помош, кај кого нема намалување на бројот на вработените на неопределено време три месеци пред денот на вработувањето на нови работници, освен во случаи на смрт или пензионирање, ќе добие субвенција за вработеното лице во висина од 80% од висината на социјалната парична помош исплатена на лице/домаќинство за претходниот месец, од месецот во кој лицето е вработено, пишува во законското решение за кое пратениците ќе треба да дадат зелено светло на собраниската седница закажана за 19 февруари. „ Работодавачот, на вработеното лице му исплатува најмалку минимална плата утврдена со закон, за полно работно време. Субвенцијата, се исплатува во период од 24 месеци врз основа на поднесено барање од работодавачот до Агенцијата. Доколку работникот го откаже договорот за вработување, работодавачот на негово место може да вработи друг работник корисник на социјална парична помош. Парите за оваа мерка се обезбедуваат од буџетот на Министерството за труд и социјална политика, а ќе се исплаќаат преку Агенцијата. Кај работодавачот кој неосновано ќе го откаже договорот за вработување, исплатата на средствата се прекинува, а работодавачот има обврска за враќање на средствата. Мерката нема да даде посебни ефекти ?! Најновите промени во социјалната сфера – субвенционирање на вработувањето на приматели на социјална помош во висина од 80% од вредноста на социјалниот надомест – нема да предизвика посебни ефекти, велат дел од економските аналитичари. „Прво, ако станува збор за работници во сивата зона, тогаш ова не е доволен мотив, бидејќи имплицира дека тие ќе ја изгубат социјалната помош, а работодавецот би искористил минимално. За овој тип работници, фактот дека се социјално осигурени или дека би им течел стаж, не би бил значаен, со оглед дека ќе изгубат значаен дел од доходот. Второ, ако станува збор за вистински невработени социјалци, тогаш реформата е повторно недоволна, бидејќи работни места се креираат многу тешко, и не сум убеден дека субвенција од две-три илјади денари за работодавецот би била доволен мотив да креира работно место, изјави за Фактор, Марјан Петрески, универзитетски професор. Петрески посочува дека станува збор за ад-хок и повторно недоволно-анализирано решение. „Она што го предложивме во рамки на проект поддржан од Регионалната програма за промоција на истражувањата е реформата „исплатливост на работата“, којашто овозможува да се добива социјална помош до одредено ниво на остварена плата, што би било мотив за вработените во сивата економија да не го кријат својот доход, ниту пак работодавците да ризикуваат со непријавени работници, а секако и мотив за невработените социјалци да бараат вработување без страв дека ќе ја изгубат социјалната помош, изјави Петрески. Од Конфедерацијата на работодавачи, и пет дена по обелоденувањето на ваквиот владин предлог се затекнати. Велат оти сеуште не знаат за што точно станува збор, но дополнително откако членките на Конфедерацијата ќе го изанализраат ќе се произнесат со став за новата мерка. „Таквиот предлог, начелно може да се каже дека би го поттикнал вработувањето, но, останува отворено прашањето, каков кадар ќе вработите. Со колкав квалитет? Може да се случи компаниите да вработат кадар кој е недоволно стручен и квалификуван, па потоа да имаат дополнителни трошоци за обука и квалитетно насочување во работниот процес. Затоа ќе треба внимателно со таа мерка. Сепак, ќе треба добро да ја изанализираме за поконкретно да се изјасниме за неа, изјави за Фактор, Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи. Македонија има  добро поставен систем на социјална заштита, кој е ефикасен во намалување на сиромаштијата, но истовремено системот поттикнува и поддржува неактивност на пазарот на труд. Односно, има недостиг на политики за активација на пприметелите на социјална помош. Токму затоа дел од економските аналитичари предлагаат социјалната помош да се направи како систем на социјална помош, кој ќе служи како додаток на доходот кој го заработува поединецот или смејството, до постигнување на одредено ниво на доход по кое постепено ќе се повлекува. „Станува збор за социјална помош која се доделува на поединци или семејства кои работат во формалната економија. Се предлага да се воведат две форми, односно за поединци (индивидуална реформа) и за парови (семејна реформа) кои работат. Во случај на поединци, износот на индивидуалениот трансфер би се зголемувал со заработениот износ по стапка од 36% од заработениот доход (што значи дека за секој дополнително заработен денар плата, поединецот би добивал 0,36 денари социјален трансфер), до износ од 4,167 денари примена месечна плата (што значи дека максималниот износ на тарнсферот би бил 1,500 денари). После овој праг, трансферот би се повлекувал со стапка од 37% (што значи дека за секој дополнително заработен денар над овој износ , трансферот би се намалувал за 0,37 денари), вели универзитетска професорка Никица Мојсовска. Груевски: 30 илјади приматели на социјална помош ќе имаат предност при вработување Владата предлага законско решение со кое 30.000 приматели на социјална помош ќе имаат предност при вработувања во приватните фирми. Мерка што според премиерот Никола Груевски ќе се одрази позитивно и за примателите на социјална помош и за работодавачите, но и за државата. „Со оваа мерка ќе се даде можност сите оние кои се приматели на социјална помош, а тоа се над 30.000  луѓе, да имаат одредени предности при вработувањата така што работодавачот во првите две години од државата ќе добива надомест во висина од 80 проценти од износот на социјалната помош што ја примало лицето. На тој начин му олеснуваме, го мотивираме и охрабруваме работодавачот овие луѓе да ги повика, да ги ангажира во работниот процес онаму каде може да го направи тоа и се разбира доколку го прекине нивното вработување ќе треба да ги врати средствата, изјави премиерот Груевски. Премиерот додаде дека ова ќе биде уште еден дополнителен стимул за работодавачите да ангажираат луѓе кои моментално се приматели на социјална помош со тоа што 80 отсто од висината на социјалната помош ќе ја земаат како надомест од државата во период од 2 години. „И за државта тоа ќе значи олеснување затоа што две години ќе плаќа 20 отсто помалку, а подоцна нема воопшто да плаќа социјална помош за лицата кои ќе бидат вработени. За работодавачот ќе биде значителна конкурентна предност во делот на трошоците за ангажирање на работникот, така што на некој начин и едните и другите добиваат, а најмногу добива оној што ќе биде вработен, односно примателот на социјална помош, истакна Груевски.      

Можеби ќе ве интересира

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед