05 Декември, 2025
0.0379

Да се дефинира каде може, а каде не смее да се градат фабрики!

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2012 14:26

Добивај вести на Viber

Неколку еколошки друштва поднесоа иницијатива за дополнување на Законот за животна средина, во која се бара ограничување или дефинирање на растојанието на кое се врши градба на нови индустриски капацитети, зависно од типот на индустријата, како и потенцијалното загадување кое соодветната фабрика го предизвикува. „Накратко, бараме јасно разграничување каде може, а каде не може да има тешка индустрија“, стои во соопштението на „Еко-Скоп“ од Скопје, „Вила Зора“ од Велес, „Грашница” од Охрид и „Молика” од Битола кои започна со реализација на проектот „Да ја заштитиме нашата иднина“. Целта на иницијативата е да се забрани градење тешка индустрија во близина на населените места и заштитените подрачја, со што ќе се спречи повторување на грешката од Велес. Сепак, стои во соопшението,  негативното искуство од Велес, создава негодување кај граѓаните кога станува збор за градење на било каков индустриски капацитет во близина на населено место, поради страв од потенцијално загадување. Затоа, објаснуваат дека со просторното планирање и одделувањето на растојанието на кое може да се гради еден индустриски објект ќе се создаде сигурност за населението дека објектот ќе биде изграден на сигурна дистанца, како и сигурност за инвеститорот дека на соодветната дистанца нема да има проблем од локалното население. Екологистите уште еднаш повторија дека се против рестартирање на Топилницата во Велес на старата локација и им дадоа целосна поддршка на велешани во нивната борба против загадувањето.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“