42% од работниците се жртви на мобинг, текстилците први на удар
Објавено во: Економија 10 Јуни, 2013 21:00
Со високи казни од 5 до 6 илјади евра за сите работодавачи кои ќе ги вознемируваат своите вработени, или до 4 илјади евра за лицето кое го врши мобингот, ќе се штитат македонските работници од дополнително малтретирање. Ова се дел од решенијата во Законот за мобинг кој од денеска стапува во сила. Од Сојузот на синдикати на Македонија апелираа, сите работници жртви на мобинг, тоа да го пријават до правните застапници на ССМ, до гранските синдикати, но и до Антимобинг канцеларијата при ССМ.
Според претседателот на ССМ Живко Митровски, законот е голем чекор кон заштита на правата на работниците и доказ за функционирањето на социјалниот дијалог во земјата.
„Донесувањето на законот беше неопходно и поради тоа што претставува основа за обезбедување здрава работна средина неопходна за општествениот напредок и градење на профитни вредности во компаниите, но и поради тоа што анализите покажаа дека како резултат на мобингот државата губи околу 1,7 милиони денари месечно губи државата како резулат на лекување на жртвите од мобинг,“изјави Митровски.
Според сознанијата на ССМ, жртви на мобинг се најчесто вработените во текстилната индустрија, здравството и јавната администрација. Најмногу од испитаниците се пожалиле на психичко вознемирување, влијание врз способноста на работникот, а малкумина и на физички напади.
Повеќе од 42 проценти од работниците во земјава биле изложени на мобинг, посочуваат од ССМ.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




