5 ВИДОВИ ДРОГИ КОИ СЕ КОРИСТЕЛЕ КАКО ЛЕК: Кокаинот за болен заб, хероинот за кашлица
Објавено во: Свет, Стил 28 Декември, 2015
Во периодот меѓу 19-ти и 20-ти век, на пазарот се појавуваат нови лекови кои ветуваат дека можат да излечат се, од болка во грлото и кашлица, до депресија и несоница.
Тогаш, никој не верувал дека овие производи ќе станат едни од најтешките и најопасните дроги на светот.
- Mrs. Winslow's Soothing Syrup ( Морфиум)
Морфиумот во 1849 година се продава како сируп, кој требало да му помогне на децата да не чувствуваат болка кога им растат забите. Тогаш мајките биле воодушевени од тоа како сирупот успевал веднаш да ги смири и заспие нивните деца. Дури во 1911 година, American Medical Association го осудил лекот како „убиец на децата” и конечно се забранува во 1930 година.
2. Кокаин
Од 1880 па се до почетокот на 20-ти век, кокаинот не само што бил легален, туку и се користел за детски лек против забоболка. Неговото дејство тогаш го величел и познатиот Зегмунд Фројд кој кокаинот го опишувал како лек за депресија и беспомошност.
Во овој период на пазарот се појавуваат многу лекови кои содржат кокаин. Корисниците набрзо ги забележуваат неговите последици: сериозно пореметување на навиката за спиење и исхрана, халуцинации и тешка депресија по престанувањето на користење кокаин.
3. Laudanama (Опиум)Laudanama е екстракт на алкохол кој во себе содржи 10 отсто опиум во прав. Овој силен и опоен аналгетик, се користи уште од 1676 година, кога е рекламиран како лек за многубројни болести, од менингитис и менструални грчеви, до депресија и несоница. Овој лек бил посебно популарен за лекување деца. Иако опиумот се уште се користи и денес, неговата употреба е строго ограничена и контролирана.
4.Norodin (Метамфетамин)
Norodin е една од најстрашните видови на дроги кои некогаш биле продадени и рекламирани како сосема безопасни. Norodin е, всушност, метамфетамин, дрога со која се врзуваат потешки форми на депресија, распаѓање на телото, како и голем број на самоубиства.
Метамфетаминот наводно можел да лекува депресија со "релативно малку несакани ефекти”. Некои од овие несакани ефекти може да се анорексија, шупливи заби, неправилна работа на срцето , несоница, нарушувања на крвниот притисок, срцев и мозочен удар .
Предизвикува сериозна зависност, и исто така, - метамфетаминот се смета за еден од најтешките дрога за откажување.
5. Bayer Heroin Hidroklorid ( Хероин)
Хероинот прв пат се појавува на пазарот во 1898 година, кога започна со продажба како целосно легален и безбеден лек. Оваа тешка дрога уништи стотици илјади животи, а ја измисли фармацевтската компанија Bayer.
Во времето кога туберкулозата беше смртоносна болест, хероинот се користеше како лек за кашлицата, а набргу се појавија првите случаи на тешка зависност. Конечно, во 1913 година Баер престана производството на хероин.