05 Декември, 2025
0.0507

51% на државата, 49% на приватник: Ќе се формира државна интернет лотарија

Објавено во: Економија 08 Декември, 2012 18:32

Добивај вести на Viber

Со новите владини измени на Законот за приредување игри на среќа и забавни игри  ќе се прави државна интернет лотарија од страна на приватен капитал, соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Со измените на законот се предвидува во формирањето на државната интернет лотарија, да може да учествува и приватен капитал преку заеднички деловен потфат со Лотарија на Македонија, но со тоа што  ќе мора да биде во доминантна државна сопственост, односно државата преку Лотарија на Македонија да има најмалку 51% од капиталот или пак од правото на одлучување, соопшти портпаролот.
Тој најави и дека по усвојување на законот во Собранието, ќе се распише меѓународен јавен повик за приватен инвеститор кој би учествувал во заедничкиот потфат. „Во овој заеднички потфат државата односно Лотарија нема да вложува средства, туку ќе го вложи само правото на организација на игри на среќа, а приватниот инвеститор ќе биде должен да инвестира финансиски средства, опрема, хардвер, софтвер, кноу хау, кадар. Ќе бидат поставени високи стандарди со цел привлекување на реномиран странски партнер во оваа област. Согласно законските измени, почетокот со работа на ова друштво на здружување е во рок не подолг од една година од денот на донесување на законот во Собранието“, најави Ѓорѓиев. Тој исто така посочи дека со овој проект нема трошење на средства од државниот буџет за инвестицијата, туку планот е со формирањето и почетокот на работа на ваков субјект ќе се остварат дополнителни приходи.
„Во овој заеднички потфат државата односно Лотарија нема да вложува средства, туку ќе го вложи само правото на организација на игри на среќа, а приватниот инвеститор ќе биде должен да инвестира финансиски средства, опрема, хардвер, софтвер, кноу хау, кадар. Ќе бидат поставени високи стандарди со цел привлекување на реномиран странски партнер во оваа област. Согласно законските измени, почетокот со работа на ова друштво на здружување е во рок не подолг од една година од денот на донесување на законот во Собранието“, објасни владиниот портпарол.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија