27 Ноември, 2024
0.0495

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Денес, во свечената сала на Владата на Република Македонија, се одржа пленарниот состанок на Секторската работна група за ИПА 3 – Прозорец 3: Зелена агенда и одржливо поврзување, со фокус на потсекторот Енергија.

На настанот учествуваа над 50 претставници од домашни и меѓународни институции, донатори, невладиниот сектор и бизнис-заедницата, со дополнителни учесници кои го следеа состанокот онлајн.

Настанот го отвори министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, г-ѓа Сања Божиновска, која ги презентираше целите и приоритетите на Министерството во насока на спроведување на реформите за одржлива енергетска транзиција.

„Активно работиме и посветени сме за достигнување на нашата цел – одржлив економски раст и енергетска независност на земјата. При имплементацијата на енергетската политика, соработуваме со експерти, со нашите меѓународни партнери чија помош е витална за успешно спроведување на реформите, со академската и бизнис заедница, невладините организации, а се со цел транспарентност и успешност на зацртаните планови. Целта е да имаме иновативни идеи и брза модернизација и унапредување на енергетскиот сектор. Тоа ќе го направиме многу транспарентно и ќе бидеме фер кон сите играчи во овој процес. Што значи нема да дадеме приоритет само на една компанија, сакаме да сме отворени и да дадеме еднакви можности за сите. Ќе ги зголемиме геолошките истражувања за утврдување на нови можности за минерални суровини во досега неистражени подрачја, но потенцирам дека приоритет ќе биде здравјето на граѓаните. Нема да правиме ништо што не е во согласност со најновите стандарди на ЕУ и ќе ја слушнеме волјата на граѓаните.“ истакна Божиновска

ИПА 3 – Прозорец 3 претставува рамка за финансиска поддршка од Европската Унија, наменета за зајакнување на зелената агенда и одржлив енергетски сектор, а во рамките на оваа програма ќе бидат обезбедени финансиски средства во висина од 5,2 милиони евра за поддршка на проектите за намалување на штетните емисии, зголемување на енергетската ефикасност и развој на обновливите извори на енергија.

Овие средства се значаен чекор напред кон постигнување на целите за зелена енергетска транзиција. Соработката меѓу институциите, донаторите и граѓанскиот сектор е клучна за успешно искористување на овие фондови.“, истакна министерката Божиновска.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто