ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2024
АД ЕСМ објави отворена постапка за избор на изведувач на две фотонапонски централи - Осломеј 2 од 10 мегавати и ФЕЦ Битола од 20 мегавати.
Како критериум е вклучен и поврзувањето на мрежа, а проектот е финансиран од Европската банка за обнова и развој EBRD.
„Набавката и евалуацијата ќе се изведуваат според правилата на European Bank for Reconstruction and Development (EBRD). Условите за учество се вклучени во документите прикачени на порталот (е-набавки). Компаниите можат да побараат појаснување и дополнителни информации согласно упатствата дадени во документите“, соопшти ЕСМ.
Повикот е објавен и на веб страницата на АД ЕСМ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.