Во Анкара полицијата повторно употреби солзавец и водени топови
Објавено во: Балкан 28 Јуни, 2013
Во центарот на Анкара за да растера стотици учесници во антивладините протести, полицијата доцна синоќа употреби солзавец и водени топови.
Полицијата уапсила четворица демонстранти, јавуваат турски медиуми. Солзавецот бил употребен откако полицијата се судрила со стотици демонстранти во квартот Дикмен кои не сакале да се повлечат до доцна во ноќта. Демонстрантите подигнале барикади на улици и блокирале сообраќај што било причина полицијата да дејствува, јави НТВ.
Протести во Истанбул во изминатите денови веќе нема, но демонстрации продолжуваат во Анкара и полицијата реагира секоја ноќ за да ги растера луѓето кои протестираат против Владата на Реџеп Таип Ердоган.
Во антивладините протести, загинаа пет лица, од кои еден полицаец, а околу осум илјади беа повредени. Според процените на полицијата, во протестите во големите градови низ цела Турција учествувале 2,5 милиони луѓе.
Протестите во Турција започнаа на 31-ви мај во Истанбул поради плановите за преупредување на паркот Гези во центарот на градот, за потоа да прераснат во антивладини демонстрации.