СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2024
Откако беше објавено дека 60 компании со фиктивни проекти направиле „дупка“ од 3,2 милиони евра во Фондот за иновации, прв со реакција се огласи д-р Ненад Лазаров, кој за време на ковидот напраил проект за познатите визири меѓутоа бил одбиен.
Неговото сведоштво може да го прочитате тука.
По него се огласи и Борче Стаменов, од познатата акција „Донирај компјутер“, кој исто така објави дека за неговиот проект бил одбиен од ФИТР.
„Читам за дешавките со фитр и злоупотребите на финансиските средства од некои компании и така малку поќе ми е драго шо нашиот проект беше одбиен под образложение дека ние сме економски неисплатлива иницијатива. А ќе им го обелевме образот со резултатите кои ги постигнуваме ама ит из ват ит из“, напиша тој на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук профил