7.000 евра глоба и забрана за вршење дејност за две фирми во Прилеп
Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2013 14:30
Државниот инспекторат за земјоделство при вршење вонреден инспкециски надзор на подрачјето на Прилеп кај два правни субјекти констатирал прекршок за поседување, набавување и продажба на мрежи спротивно на законските прописи.
Како што изјави денеска во Куманово Мери Петровска, инспектор при Државниот инспекторат за земјоделство акцијата е спроведена на 26 јануари, годинава согласно Законот за рибарство и акавакултура.
- На двата правни субјекти им е изречена забрана за вршење дејност и 7.000 евра глоба. Воедно, во акцијата се најдени и две физички лица кои вршеа промет на риба на недозоволено место, на кои им е изречена глоба во вкупна вредност од 2.000 евра, изјави Петровска.
Во акцијата биле запленети риболовен прибор и 22 килограми риба. Во приборот имало 105 мрежи од кои 22 биле со должина поголема од 50 метри. Од Државниот инспекторат за земјодлство најавуваат дека ќе продолжат со акциите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје





